Обединети за Македонија ја поставија партиската структура во Велес

Лидерот на партијата Обединети за Македонија Љубе Бошкоски го посети  Велес. Во партискиот штаб лично ги потпиша и им ги врачи решенијата на дел од неговите сопаријци кои се избрани да бидат претседатели на општинските организации. 

Со ова тие на здрави нозе ја поставуваат партијата и ја формираат целосната структура, која ќе им биде потребна за успех на евентуалните предвремени избори. 

„Со овој потег веќе партијата добива стандарден изглед ,достана за сите граѓани кои сакаат да ни се придружат. Ние сме спремни за предвремени избори и верувам дека граѓаните ќе знаат да ја поддржат вистинската опција за нив", рече Љубе Бошкоски претседател на Обединети за Македонија. 

При посетата на Велес Бошковски го обиколи централно подрачје, а беше и на градскот пазар каде се сретна со земјоделците на кои им ја претстави неговата визија за развојот на оваа гранка. 

Велешани му се пожалиле за лошата економска положба и невработеноста. 

„Ние како политичари мораме да преземаме одлуки ,а не да водиме само популациона политика. И во Велес ми се жалат за голема невработеност и гледам апатични лица“, вели Бошкоски. 

Од Обединети за Македонија велат дека се задоволни од членството. Огранокот во Велес е еден од поактивните во цела земја. 

„Многу сме задоволни од тоа како се развива нашата партија. Од ден на ден членството само ни се зголемува ,а граѓаните се повеќе се интересираат за пристапување кон нашата партија", вели Билјана Димовска претседател на ОО на Обединети за Македонија. 

Во Обединети за Македонија велат дека се оптимисти и очекуваат голема поддршка од граѓаните на нередните избори.

28/06/2010 15:03
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][17]