Актерската двојка Харисон Форд и Клариста Флокхарт по 8 годишна врска конечно реши да "скокне во тавче",а вторникот беше денот на нивната венчавка, јавија американските гласила.
Церемонијата се одржа во Санта Фе, каде што 67 годишниот глумец моментално го снима својот нов филм „Cowboys and Aliens".
Во палатата на на гувернерот на државата Ново Мексико, беа венчани токму од самиот гувернер на државата, Бил Ричардсон.
Вљубената двојка се запозна во 2002 година на доделувањето на Златен Глобус, додека нивната веридба беше објавена на денот на вљубените, минатата година.
За Харисон Форд ова е "трета среќа" во брачните води, додека од претходните два има по две деца. Харисон Форд со својата 22 години помлада сопруга, која за прв пак го кажа судбоносно ,,да", заедно го чуваат деветгодишното синче Лиам, кое Клариста (45) го посвои во 2001 година.
Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.