Групата Соната прослави 10 години постоење

Во преполниот амфитеатар на Младинскиот парк, меѓу своите сограѓани, синоќа групата Соната го одбележа својот 10-ти роденден.

Скромните момчиња и девојката Кате Брезева, како што љубат да ги нарекуваат велешани, на Велес му подарија извонреден концерт.

На отворената сцена, во паркот, несекојдневното музичко доживување траеше час и половина  а гости на групата Соната беа Виолета Томовска, Гоце Арнаудов, Ирена Спасевска и Ферус Мустафов.

Концертот го отворија славениците со прекрасните интерпретации на познатите велешки староградски песни , снимени на ЦД и ДВД минатата година. Групата Соната и Кате Брезева ги отпеаја „Ај што убаво одат велешките моми", „Во влашкото маало", „Елено ќерко".

Ја воодушевија публиката која заедно со нив пееше и постојано аплаудираше.

Секако за убавата атмосфера на концертот со својот настап и извонредни интерпретации придонесоа и гостите. Примадоната на македонската фолк сцена Виолета Томовска рече:

„ Тие се извонредно квалитетна  група, нивното време доаѓа. Она што е посебно кај нив тоа е лирската боја на гласот  на Кате што плени и воодушевува подеднакво во сите изведби, во песните со љубовен карактер, во изворните или староградски песни, во новокомпонираните и забавните, мислам на шансоните", рече Томовска 

Кулминацијата синоќа се случи кога на сцената со саксафонот и кларинетот Ферус ги отсвири добро познатите чочеци и македонски ора а Гоце Арнаудов се симна во публика и ги отпеја своите најпознати хитови.

Пред велешани Гоце и Катерина Брезева го изведоа својот дует, песната „Те слушам како дишеш" и најавија дека летово ќе ги почестат со видео спот. Групата Соната  ја изведе  и песната „Чувај ми го мајко герѓевот" со која освои втора награда на Гоце фест, а Кате награда за интерпретација.

Јубилејниот концерт, кој освен велешани го проследија и колеги, текстописци и композитори на славениците, заврши со песната „За многу години македонци" во интерпретација на Томовска, Арнаудов, Спасовска и Брезева.  

10/06/2010 17:09
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.04][11]