Козметичка нега на зоната на градите и деколтето

Во старите древни народи жените користеле купки со млеко, се масирале со билни уља и екстракти од разни билки се сo  цел за подобар изглед на градите и деколтето.

Овде кожата е многу танка и нежна, содржи малку лојни жлезди и затоа брзо ја губи цврстината и еластичноста.

Постојат и други причини кои негативно влијаат на состојбата на градите како: промена во хормоналниот статус и телесната тежина, прекумерното сунчање, доење, злоупотреба на солариумите и др. Затоа кожата на деколтето бара многу внимание исто како и кожата на лицето. 

Чистење: се препорачуваат благи средства, пожелно од пченични зрна, цинк, мед и магнезиум. Овој состав овозможува отстранување на површинските нерамнини, вишокот на солии подеднакво ја омекнува и влажи кожата од кој било тип. Длабинското чистење го отстранува мртвиот епитал, го обновува ткивото и ја стимулира микроциркулацијата. Во оваа фаза се ставаат препарати кои не содржат абразивни супстанции. Добри резултати се постигнуваат со примена на ензимски средства  како што се: екстракти од папаја, етерични масла од рузмарин, геранија, портокал... кои не само што ја забрзуваат ексфолијацијата (отстранувањето) на мртвиот епитал туку и даваат на кожата влажност и допринесуваат за намалување на хиперпигментацијата, како и промените што настануваат со тек на стареењето. 

ТРЕТМАН НЕГА

Се препорачува комбинација од физиопроцедури и тоа: микроструја, миостимулација, фонофореза со подмладување. При справување на спомнатите процедури многу е важно да се почитуваат следниве принципи: безопасност, комфорност и ефикасност.

Безопасноста се состои од задолжителен преглед на млечните жлезди на градите, потоа познавање на контраиндикациите, постоење на трудноќа, малигни болести, грозница, гнојни процеси, кожни болести, хронични срцеви и бубрежни заболувања, постоење стентови и сл.

Комфорноста подразбира адекватна комбинација на третманите се со цел за индивидуален пристап на секој клиент, неговата осетливост, спроведливоста низ крвните садови како и личното чувство на клиентот.

Ефикасноста е процедура што зависи од почитувањето на првите два принципа.

Млечните жлезди имаат специфична структура и за нив главна улога во одржувањето имаат мускулите на градниот кош. Површинскиот слој со тек на годините го губи тонусот и жлездите се опуштаат. Во борба со овој третман микростимулацијата има големо значење и ултразвук се користи, но тој е за зголемување на длабинската проодност на препаратот.

Фонофорезата е комбинација од дејства на ултразвукот и козметичките препарати. Зоната на деколтето (како и лицето) се најмногу изложени на сонцето кои го активираат процесот на задебелување подложно на фотостареење. Со овој вид на третман се зголемува синтезата на колаген и еластин во кожата, доаѓа до отстранување на плитките брчки и смалување на длабочината на длабоките брчки, се подобрува тонусот и еластичноста. 

МАСКИ

Во процесот на моделирање на градите користиме маски од алги, потоа маски од пченични никулци за надокнадување на витаминот А, Е и Д, како и незаменливи масни киселини, воспоставувајќи хидратидна рамнотежа на кожата.

Важен фактор се БИОФЛАВОНОИДИТЕ кои ја забрзуваат размената на материите (екстракт фалфија, бршлен, камилица, кантарион и ајдучка трева). Тие ги зајакнуваат крвните садови, го исфрлаат вишокот на течности и продуктите од метаболизмот, имаат антиоксидантно и биостимулативно дејство и се така заедно ја подмладуваат кожата за што и ние се бориме. 

Внатрешната убавина е она што ja носите во себе, а надворешната е онаа што можете да ја добиете во козметичкиот салон Лејди Ем Бјути (на ул. Никола Карев бр. 3)  тел 043 235-757.

05/06/2010 16:36
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.04][11]