Впечатоци од Северна Ирска

Ирската држава е формирана дури во 1923 година. Таа е формирана после тешки вооружени конфликти помеѓу ирските католици и британските сили. Жртвите и крвта кои ирскиот народ ги има вложено за својата слобода се немерливи со ниту еден друг европски народ. Но и посветеноста и страста кои тие луѓе ги имаат спрема својата слобода и својата татковина се немерливи со ниту еден друг народ.

Историјата, околностите и опкружувањето се тие фактори кои го довеле ирскиот народ до народ кој со многу мака, страдање и жртви, но скоро и без никаква помош од надвор успеал да ја постигне својата цел, да формира самостојна држава. Ирскиот народ не е во редот на оние народи кои многу полесно и со многу помош од надвор успеваа во минатите два века да добијат своја слобода. Ирскиот народ ја имаа истата таа судбина која, за жал, ја имаме и ние Македонците.

Она што ние успеваме да го видиме во последните децении е конфликтот кој продолжувал да трае во Северна Ирска. Тој конфликт е последица на фактот што еден дел од островот Ирска, доминантно населен со британски унионисти, останува под управа на Британското кралство, а тоа не можат да го прифатат ирските католици кои се малцинство таму. За жал ниту еден напор во минатите децение не доведоа до целосно помирување и целосно стишување на оружјето.

Во 1998 година конечно е постигнат мировен договор за Северна Ирска. Огромен договор кој предвидува реформи на многу нивоа како што се полицијата, правдата, децентарлизација, воспоставување на избрани институции во Северна Ирска, човекови права, економски права, употреба на ирскиот јазик, затворници, криминалното право, разоужување на парамилитарните структури од двете страни и слично. Но она што му дава дополнителна тежина на овој договор се и обврските за Република Ирска и Обединетот Кралство, да направат измени во своето уставно право во насока на намалување на надворешниот притисок и тензиите присутни во Северна Ирска. Исто така, во договорот (кој таму се нарекува: Велигденски договор) има сегменти кои се однесуваат на односите помеѓу Република Ирска и Северна Ирска и помеѓу Обединетото Кралство и Северна Ирска како негов составен дел.

Во договорот има и сегменти кои по многу работи наликуваат на сегменти од Охридскиот рамковен договор. Иако историјата, контекстот, должината и интензитетот и причините за двата конфликти се крајно различни, очигледно е дека меѓународните експерти имале можност да црпат искуства во насока на брзо разрешување и на конфликтите и на причините за нивно настанување.

Она што може да се види директно таму, помеѓу луѓето и институциите е фактот дека спроведувањето на Велигденскиот договор цело време го пратат проблеми, нејаснотии, недоречености и чуства на недоверба помеѓу двете заедници во Северна Ирска. Очигледен е напорот кој се вложува и од државните институции и од политичките партии, но резултатите не се такви какви што може да се претпостават од далеку.

Разделеноста помеѓу заедниците е главниот предизвик со кој се соочува општеството во Северна Ирска. Едните со ирско католичко потекло, другите со британско протестантско. Иако ова општество долго време е дел од Европската Унија и долго време ги има пред себе сите ресурси за постигнување на високо ниво на толеранција, за жал не успева да ги надмине создадените стереотипи на едните за другит. Не живеат заедно, живеат едни покрај други, но со огромни ѕидови и огради помеѓу населбите населени со двете заедници. Не учат заедно, скоро и да немаат приватна комуникација, децата не другаруваат заедно, поделени се со над 42 ѕида само во Белфаст. Тоа е жалниот дел од реалноста. Но кога ќе се спореди со фактот дека само во последните триесетина години непотребно се загинати над 3 600 луѓе од двете страни и ова кое е денес е одлично.

Сепак, луѓето таму се многу искрени и посветени на своите пријатели. Не можев да разберам дека на крајниот ладен север на Европа ќе најдам луѓе со толкава страст и позитивна енергија. Работливи се и желни за напредок. Впрочем и растот на економијата дури и во вакви конфликтни услови го покажува истото. Тие луѓе таму зрачат со достоинство, храброст и лична верба. Посветени се на верата, но и посветени се на своите семејства. Вредностите се секојдневен дел од нивниот живот.

Она што јас го понесов од таму се неколку чуства. Прво, чуство на искрено жалење за мачната историја која ја имале луѓето во тој дел од Европа. Второ чуството на ирационалност, но и пасија и посветеност која ја видов во очите на сите таму. Никој нема намера да се откажува од своите права, па макар и цел свет да се сврти против него. И тоа не е колективна карактеристика, туку колективната димензија е последица на индивидуалната намера за остварување на сопствените права (макар да се од едната или од другата страна). Трет впечаток е дека непотребно ние самите, сите граѓани на Македонија сме се ставале во подредена позиција кога станувало збор за толеранција, разбирање, соживот, почитување помеѓу различните етнички и верски заедници. Напротив и ние од овде, со сите мали конфликти, но и со целата заедничка традиција имаме што да и покажеме и да ја подучиме Европа. Впрочем, така е и создавана, врз база на различности.

 

 

                                                                                                                                                               Илија Димовски

 

01/06/2010 18:39
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Технолошко-техничкиот факултет стипендира 20 студенти
Апликациите за добивање на стипендии, бручошите може да ги доставуваат во факултетот. Стипендиите ги обезбедуваат македонските компании.
Lisica.mk Од наш агол Нега на кожата во тек на бременоста
Отсуство на нега за време на бременост може да има негативни последици и проблеми со кожата кои подоцна тешко ќе можат да се корегираат.
Колумна Колумна
Впечатоци од Северна Ирска “Знам за две трагични истории – таа на Ирска и онаа на Македонија. И двете биле осиромашувани и мачени” – Роџер Кејсмент, ирски патриот, револуционер и познат поет.
Од каде се информирате?

Дневен печат

Интернет портали

Телевизија

Радија

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.03][16]