![]() Денес е светскиот ден без чад од цигари
На сајтот на СЗО стои дека и покрај тоа што мажите многу повеќе пушат од жените, кои се околу 20 посто од светската бројка на пушачи, постојат докази дека тутунската епидемија кај девојките е во пораст во некои земји и региони. Од тутунот годишно умираат повеќе од пет милиони луѓе, од кои 1,5 милиони се жени. Експертите предупредуваат дека оние кои живеат со пушачи имаат 20 до 30 посто поголем ризик за развој на карцином на белите дробови, додека изложеноста на чад од цигари на работното место, ризикот го зголемува за 12 до 19 проценти. Лекарите предупредуваат дека луѓето кои пушат една кутија цигари дневно имаат 22 пати поголем ризик да заболат од рак на белите дробови во однос на непушачите. 31/05/2010 13:28
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |