Фондовите за здравствено осигурување од регионот имаат слични проблеми

Македонскиот фонд за здравствено осигурување има многу повеќе предизвици зашто нормално е, правата и очекувањата на пациентите осигуреници постојано се зголемуваат.

Ова беше истакнато  на Четвртиот регионален форум  за финансирање на јавното здравствено осигурување што се одржува во Охрид, на која земјите од регионот разменуваат искуства со цело  зајакнување на меѓусебната соработка помеѓи институциите од областа на финансирањето на здравствените услуги.

Како што беше речено на Форумот, фондовите на сите земји имаат слични проблеми, а Макдонија заостанува, како во поглед на буџетот, така и во поглед на процентот што се издвојува за здравствено осигурување.

Буџетот на Фондот за здравствено осигурување на Хрватска е 3,7 милијарди евра, во Словенија е 3 милијарди евра, а во Македонија изнесува 300 милиони евра.

Во Хрватска во Фондот се вклучуваат боледувањата и породилните, во Словенија само боледувањата, а породилното е на товар на Министерството за труд. Во Македонија, се уште се вклучуваат и породилните и боледувањата, иако се очекува до 2012 година Фондот да се растовари од овој нездравствен проблем.

„Додека другите земји размислуваат кои магинални трошоци да ги тргнат од своите буџети за идната година, да можат да креираат една одржливост, ние имаме такви секојдневни прашања, но во моментов, се што е во основниот пакет, како Фонд мора да го обезбедиме бидејќи доволно пари никогаш нема. За разлика од другите земји имаме и дополнителни проблеми, зашто во Македонија исклучително е голем бројот на приватни установи кои работат и креираат здравствени услуги, а со тоа креираат и дополнителни притисоци на еден или на друг начин во Фондот, или во користењето на корисничката каса", истакна директоркат на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Маја Парнаџиева - Змејкова.

Фондовите од повеќето земји имаат партнерски однос со здруженијата на пациенти, а и медиумите се голема поддршка за фондовите да обезбедат поголеми буџети или рамномерно распределување согласно можностите, беше речено на Форумот.

„Имаме голем број обврски преземени од меѓународните инструменти и во ваква ситуација како Македонија, така и соседството треба да се погрижат да организираат", рече Сиксто Молина од Советот на Европа.

Македонија првпат е домаќин на  на ваков настан од областа на здравството. Во текот на денешниот ден ќе бидат опфатени  темите од областа на  финансирањето на секундарната здравствена заштита, со на имплемнтацијата  ДСГ системот. Утре ќе се расправа за реформите во сферата на здравството, вклучувајќи ги и оние кои се  однесуваат на финансирањето на  лековите од позитивната листа.

Inpress.mk

31/05/2010 13:13
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][19]