Почина сопругот на покојната актерка Британи Марфи

Почина сопругот на покојната актерка Британи Марфи. Најверојатно смртта настанала поради срцев удар, пренесува Дејли Мејл.

И покрај напорите на докторите да го вратат во живот, сценаристот Сајмон Монџек почина во својот дом во „Холивуд хилс" каде некогаш живееше со својата сопруга, актерката Британи Марфи. Неговата смрт настапи по само пет месеци откако актерската ѕвезда Британи (32) исто така почина во нивниот заеднички дом, откако падна во бањата.

Монџек (39) и претходно говорел за своите проблеми со срцето, кога во интервјуто по смртта на својата жена рече дека „имал напади".

„Имав срцев напад додека се враќав од Пуерторико минатата година", изјави тогаш Монџек, пренесува Ројтерс.

Неговата смрт ја истражува полицијата во Лос Анџелес. Наредникот Луи Лозано изјави дека полицијата одговорила на 911 повик поради „недефинирана медицинска помош".

Британи Марфи почина поради престанок на работата на срцето на 20.декември во рацете на својот сопруг Монџек додека нејзината мајка викала помош. Тој подоцна опишувал како се обидувал да ја реанимира и како само за крај ја бакнал откако починала.

По нејзината смрт, Монџек предизвика контроверзии бидејќи бараше од властите да не вршат обдукција на телото на неговата сопруга. Тогаш изјави дека не може да ја поднесе идејата да го отвараат телото на неговата сопруга. Ова доведе до многу трачеви на интернет дека тој бил вмешан во нејзината смрт, што тој остро го демантираше.

Резултатите од истрагата во февруари покажаа дека Британи починала од воспаление на белите дробови кое се искомплицирало од недостаток на железо, анемија и труење од лекови. Официјалната истрага подоцна соопшти дека нејзиното срце престанало да работи поради големи количини на лекови.

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.

24/05/2010 13:32
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.04][16]