![]() Робин Худ во првиот викенд заработи 111 милиони долари
Сепак, задоволството на авторите на филмот се намали бидејќи во кината во Северна Америка "Робин Худ"(Robin Hood) заработи 37 милиони долари и го зазема второто место зад "Железен човек 2"(Iron Man 2) кој заработи 53 милиони долари. Светската премиера "Робин Худ" ја имаше во средата на отварањето на Канскиот фестивал. Овој филм е во расчекор со популарната англиска митологија, вклучувајќи дека крадел од богатите за да им дава на сиромавите, а го прикажува и како воен ветеран навлезен во политички сплетки. Од сценариото на филмот не беа импресионирани голем дел од критичарите. Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax 18/05/2010 10:35
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |