Каде се јунаците-прагматици?

Овие денови на Македонија како да и се случува најавениот референдум за решавање на спорот со Грција. Овој пат референдумот не се случува формално, не се случува на гласачките места низ Македонија. Овој пат референдумот се случува во свеста и во умовите на граѓаните, се случува низ разговорите, се случува на викендите и на работните места. Некако, како со сила, сме доведени во ситуација секој за себе да ја донесе последната одлука и последната позиција во врска со наметнатиот и непотребен спор околу именувањето на Република Македонија.

Повеќе месеци сме изложени на едно и исто сценаријо за припрема на свеста. Истите експерти, професори и новинари кои се присутни во јавноста да ја критикуваат оваа владејачка гарнитура за се и сешто, за она што е потребно, но и за многу непотребни работи, сега се ставени на располагање да и објаснуваат на македонската јавност колку е непаметна македонската позиција. Нема ден или телевизиски дневник и дебата некој од исите дваесетина луѓе (поврзани преку една партија и една фондација) да не се обиде да ни објасни колку треба да бидеме прагматични и паметни, а не вакви какви што сме идеалисти и националисти.

Дали се сеќавате дека само до пред една недела плејада на политичари од опозицијата, по некој новинар и неколку експерти правеа цели дисертации во своите колумни и во своите настапи на телевизиките дебати за да ја убедат јавноста дека не се преговара за идентитетот туку се преговара само и единствено за името. Иако десетина пати слушавме ставови од претседателот на соседна Грција, Папуљас и од нивниот алтернативен министер за надворешни работи Друцас дека Грција сака да преговара за цел пакет и дека се бара диференцијација на македонскиот идентитетот, нашиве јунаци-прагматици ни објаснуваа дека не е така. Неверојатно потценување на интелектот на граѓаните. Небаре сите сме без мозочни вијуги и чекаме истите дваесетина луѓе (најголемиот дел бивши министри во владите на Црвенковски) да ни ја соопштат вистината.

Но, за несреќа за Македонија, а за среќа на вистината, претходната недела имаше на гости во Охрид една мала, но доста силна група на врвни дипломати и интелектуалци од Грција. Да, тие директно и многу јасно ни кажаа дека не е во прашање дилемата само за името. Нив им е битно и тоа дали ние ќе бидеме Македонци или не.

Како на првооделенци, дипломатот Маљас и професорот Кофос ни ја објаснија суштината на спорот. Ни кажаа дека Македонците од двете страни на границата не смеат да го чуствуваат истиот национален идентитет. Македонците од оваа страна и Македонас од другата страна треба и конечно да станат два различни национални идентитети. Не е битен јазикот на кој зборуваме и зборуваат, не се битни песните кои се пеат и таму и ваму, не се битни ни адетитет и обичаите, не е битно ни народното помнење, единствено битно е тие таму, наречени Македонас и ние ваму, наречени Македонци (но само на кирилица) да не сме исто и да не сме едно. Името на државата е само алатка како да се постигне овој ефект. Името на државата и именувањето на регионот на северна Грција се само алатка како да се деформира идентитетот на секој од нас поединечно и лично. Гостите од Грција ни објаснија прецизно дека грчката држава нема проблем само со државниот апарарат и естаблишмент во Македонија, ниту пак дека тој проблем е насочен само кон името на државата, туку напротив, малку невнимателно, но многу искрено, овие луѓе во лице ни кажаа дека имаат пробле со националниот идентитет кој сите ние за себе лично го чуствуваме.

Каде ли сега од овде? Каде ли сега ќе се појават нашиве јунаци-прагматици? Дали ќе си дозволат повторно да ни ја објаснуваат смешната теза дека треба да се замени само името БЈРМ со некое подобро? Дали повторно ќе бидат актуелни со такви измислени тези? Ќе не убадуваат дека привремената референца БЈРМ е исто, дури и полошо од трајно и непроменливо нови име со географска одредница. Ќе не убедуваат дека ние повторно ќе си останеме она што сме без разлика како ќе не препознава светот и дека ќе ни биде дури и подобро со новото име.

Она што мене лично ме запрепасти, ме збуни и ме разочара е фактот дека опозицијата од една страна, скоро и директно да беше вклучена во симулацијата на преговори каде се спореше за идентитетот на Македонците, со личности како што се поранешниот министер за внатрешни, односно надворешни работи во владите на Црвенковски и кандидат за претседател на Македонија од редовите на СДСМ и поранешниот претседател на Собранието, а сегашен коалиционен партнер на СДСМ. А од друга страна истата таа опозиција цела недела е скриена во глувчешка дупка и не кажува ниту збор или позиција за овие актуелни случувања на политичката сцена.

Минатата недела имавме можност да слушнеме само една прес-конференција на потпретседателот на СДСМ на која освен десетина прашања кон Груевски не слушнавме ниту еден став или позиција на СДСМ. Не слушнавме што СДСМ мисли за симулацијата во Охрид. Не слушнавме што СДСМ мисли за вклученоста на свои високи функционери во таа симулација. Не слушнавме дали СДСМ ги делегирала овие луѓе да учествуваат на такви разговори. Не слушнавме ниту пак што СДСМ мисли и каква позиција има за идејата Република Македонија да го промени своето име во Република Северна Македонија.

За жал не слушнавме ништо. Не добивме ниту една позиција на СДСМ. Ги нема овие денови ниту на дебати. Како да се кријат и како да бегаат од нешто. Прашуваа стотици пати. Прашуваа и кога треба и кога не треба. Еве, сега знаат и слушнаа. Но, веќе е времето и тие да кажат што мислат. Нема да можат да се кријат зад плашт од убави зборови и желби за брзи евро-атлански интеграции на Република Македонија, бидејќи тоа ни е заедничко. Но сега ќе мораат да кажат и како тие мислат дека треба да се постапи за да се постигне целта. Ќе треба да кажат како и тие предлагаат да се постапи после најновите уцени и притисоци од грчка страна. Не заради нас или заради политичката кооперативност, туку заради потребата од национално и државно единство. Ние сите, мораме да застанеме зад една позиција. Така ќе ја одбраниме и Македонија, така ќе ја одбраниме и нејзината евро-атланска иднина.

 

                                                                              Илија Димовски

 

02/05/2010 21:47
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.06][11]