Скопјани би купувале на интернет доколку им се гарантира безбедност или доколку им се обезбеди широк избор на производи.
Ова е основниот заклучок од истражувањето на навиките и познавањата на граѓаните на град Скопје за интернет трговија, спроведена врз 330 испитаници кои редовно користат интернет, од страна на маркетинг агенцијата Њу момент.
Анкетата покажала дека 87 % од граѓаните на Скопје би купувале преку интернет, додека 43% од испитаниците би се одлучиле за интернет купување само доколку им се гарантира заштита на личните податоци
Интернет корисниците најмногу сакаат да купуваат електронска и компјутерска опрема, облека, обувки и подароци, а најмалку храна и пијалоци. Освен широк избор, сакаат безбедно купување, пониски цени и бесплатна испорака.
Омилени странски интернет продавници се Amazon и EBay, а од македонските најпознати се Трговски центар (www.tc.mk), Мегастор (www.megastore.com.mk) и Дома (www.doma.com.mk).
Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.