![]() Одличната продажба на Iphone го зголеми профитот на Apple за 90 отсто
Нето добивката на компанијата беше 3,1 милијарда долари, се до последното зголемување на приходите за дури 49 отсто. Приходите на Apple во првите три месеци од 2010 година изнесуваа 13,5 милијарди долари. Компанијата продаде околу девет милиони од популарните Iphone , а тоа е двојно поголемо во споредба со претходната година. Исто така испорача и околу 3 милиони Macs и околу десет милиони iPod. Во тој период Ipad се уште не беше лансиран на пазарот. Стив Џобс директорот на Apple се пофали дека ова се досега најдобрите постигнати резултати. Првиот ден кога беше лансиран Ipad беа продадени 300 илјади, но треба да се има во предвид дека истиот сеуште не е пуштен во продажба во Европа. Џобс тврди дека оваа година ќе лансира уште неколку извонредни производи. Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax. 21/04/2010 10:36
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |