Меѓународната социјална мрежа "Фејсбук" ќе отвори своја канцеларија во Москва и ќе започне разговори со локални мобилни оператори, како дел од проектот за проширување на операциите во Русија.
Со над 400 милиони корисници, Фејсбук е најголема социјална мрежа во светот. Нејзиниот конкурент, "МајСпејс", отвори своја канцеларија во Москва во текот на 2009-та година, што подоцна беше затворена како дел од мерките за штедење.
Се очекува "Фејсбук" да соработува со трите водечки руски оператори: MTS, VimpelCom и Megafon. Во светски рамки, оваа социјална мрежа соработува со над 100 мобилни оператори.
Се очекува "Фејсбук" да привлече од 4,9 до 6,5 милиони корисници, додека неговиот главен конкурент, социјалната мрежа "Вконтакте" веќе има околу 18 милиони корисници.
Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.