За да бидете во тренд: Високи потпетици и кратки чорапи во комбинација со мини – сукњичка
Ова е вистинското време за да ја покажете својата смела страна и креативност. Комбинацијата на мини-чорапи со високи штикли и мини-сукња ќе привлече толку многу внимание врз вас, како да сте на модна писта. Како се прави тоа, веќе покажаа Бурберрѕ, Диор, Хермес, Алеџандер Њанг…
За коктел – забава изберете лесни светкави чорапи кои ќе ги носите на лаковани розе сандали со животински дезен, за дневна варијанта позајмете од дечкото војнички чорапи кои ќе ги искомбинирате со сандали во земјена боја .
Многу интересни се и плетените чорапи кои се високи до коленото и прилично дебели, а се комбинираат со сандали кои се за најтолите летни денови.
31/03/2010 13:17