Новата и-мејл измама се обидува да ги наведе невнимателните корисници на Фејсбук да ги откријат своите лозинки, предупреди во четвртокот производителот на антивирусен софтвер МекАфи од Санта Клара, Калифорнија.
Од компанијата велат дека во моментов ова е една од најактивните и-мејл измами на интернет.
Имено, мејлот им сугерира на корисниците на Фејсбук дека нивната лозинка (password) се ресетира и дава линк за промена на истата.
Но, со кликање на тој линк, се вчитува програма што им овозможува на хакерите да ги дознаат сите лозинки што корисникот ги има на интернет.
Од МакАфи велат дека ова е шеста најраспространета измама што кружи по интернет во последните неколку денови. И-мејл пораките обично се напишани со лоша граматика и несоодветни англиски фрази.
Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.