![]() Една деценија со Тринити Бенд
Лисица: Зошто „Тринити Бенд" кој беше кумот, што симболизира името на бендот и дали има некоја „скриена" или „откриена" порака во него? Тринити Бенд „... затоа што самиот збор не вклопува во една целина. Тргнувајќи од фактот дека дел од значењето на зборот е бројот ТРИ, лесно може секој да претпостави колку нé има на купче. Би рекле, ако на едно столче со три нозе му ја пресечете едната ногарка, тоа нема да стои како што треба - па така и ние! Кумот е Дејан! Што значи дека тој се стави во една ситуација да секоја година на 31 јануари, роденден на бендот, тој го сече прасето и правиме одлична фешта... во најмала рака со најблиските." Лисица : Како дојдовте до идејата за бендот или што ве спои тројцата во бенд... има ли некоја случка нешто што беше пресудно за формирањето наТринити бенд? Тринити бенд : „Навистина добро прашање! Меѓусебно не се познававме се до моментот кога Дејан Попов и Ален Волчев не се сретнаа на интернационалниот фестивал кој секоја година се одржува во Прилеп - МЕЛФЕСТ. Тоа беше 2002-та година... по некоја си случајност заедно го делевме третото место, што би рекле дека беше пресуден момент да продолжиме да комуницираме понатаму; додека Ѓоре Каров и Ален веќе се познаваа од пред некое време и спонтано, без некоја претходна намисла, решивме да се обидеме да ги споиме нашите дотогашни искуства во БЕНД. Официјалниот прв настап, или ако сакате речете старт, бендот го имаше по серија на неколку последователни проби, за да отпочне со настапи по јавни места најпрво во Велес, па потоа и низ целата држава". Лисица: Забавувате луѓе од различни генерации... ги полните хотелите и кафетериите... што е пресудно за журката наречена „Тринити Бенд"? Тринити бенд : „ Почнавме со освојување на срцата на помладата популација ама тоа не беше доволно. Во неколку наврати бевме поканети да гостуваме на промоции, јубилеи... и почувствувавме дека и постарите генерации сакаат да слушнат за Тринити Бенд. Потоа, кругот на пријатели почна се повеќе да се зголемува, за денеска Тринити Бенд да има илјадници пријатели и огромен број на остварени контакти. Она што не прави посебни во тоа што го работиме е нашиот пристап кон публиката. Доближете им се на вашите слушатели - тие не само што ќе возвратат со аплауз, туку и ќе продолжат да раскажуваат за секој убав момент од самиот настап. Нема некое пишано правило, нема рецепт за добра забава, бидете автентични, верувајте во себе, афирмирајте ги на што подобро ниво тие што се дојдени да ве слушаат. Нашите срца секогаш ќе бидат исполнети со возбуда, чекајќи на следниот настап кој доаѓа." Лисица : Колку градови освоивте од сега...„ колку женски срца се скршени"... и колку имате во план да скршите? Тринити бенд: „ Го прославивме осмиот роденден. Можеме да се пофалиме дека активно учествувајќи на полето на афирмација на ноќниот забавен живот, зад себе имаме оставено илјадници поминати километри и настапи во повеќе од осудесет јавни локали, дискотеки, ноќни барови, кафулиња и други места, во повеќе од дваесет градови. Висок дострел би бил моментот кога ќе излеземе од нашите граници. Се обидуваме да изброиме колку срца до сега имаме скршено, но некако не би можеле да кажеме дека сме „срце-кршачи". Повеќе би рекле дека сме „спојувачи" на срца. Колку само споени и заљубени срца оставаме и среќаваме, можете и самите да забележите, а за тоа Ве покануваме да просведочите од барем еден наш настап. Лисица: Кој од вас е „слободен", а кој „зафатен"? Тринити бенд : „Слободни" сме за секого, но „зафатени" само за некого... хахаха! Кога е љубов во прашање секој од нас и приоѓа како што и прилега. Љубовта кон музиката, кон публиката не се опишува... љубовта кон личноста кај секој од нас е возвратена со почит, затоа што наидуваме на разбирање кај нив за секој оддалечен километар и прескокната ноќ, за чиј момент треба да биде посветен само за нив." Лисица : Што од она што го имате на вашиот репертоар е најомилено за Тринити Бенд... со што планирате наскоро да го надополните? Тринити бенд: „ Кога некој ќе не запраша каква музика свириме... без размислување велиме дека сме универзални во секоја смисла. Но најмногу сакаме да пласираме поп-рок, соул, рок-ен-рол музика, од 60-тите па се до денеска. Но, кога би не прашале што најмногу сакаме од нашиот репертоар тогаш најискрено би рекле дека тоа се романтичните балади! Тие знаат најдобро да допрат со срцата на слушателите. Секојдневно го надополнуваме репертоарот со нови песни и стилови на повеќе јазици соодветни на различни ситуации и посебни настапи." Лисица : Има ли амбиции Тринити Бенд да издаде свој албум со оглед на тоа што Дејан Попов е дел од него? Тринити бенд: „ Иако бендот постои скоро една деценија... во текот на тој период се случија низа индивидуални настапи на дел од членовите како би го подигнале најпрво рејтингот на самиот бенд, а потоа и сублимирајќи го тоа искуство еве денеска ние сме тоа што сме. Го чекаме правиот моментот кога нашиот прв сингл или албум ќе и го подариме на публиката. Се работи активно на тој план и очекуваме годинава да го оствариме и тоа, а со тоа и да ги задоволиме сите оние кои очекуваат Тринити Бенд да излезе со „прваче".
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА WWW.TRINITYBAND.MK 27/02/2010 16:27
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |