Секоја жена има право да биде убава и да изгледа што подобро

Шминката треба да биде професионално нанесенам за да има природен изглед.

Шминката треба да се прилагоди  спрема бојата, типот на кожата и се разбира гардеробата која девојката ќе ја носи на себе.

Некогаш убавината се сметаше за физичка, природна дарба, но денес таа стана неопходност и секојдневие. Секоја жена има право да биде убава и да изгледа што подобро. Грижата за надворешната убавина е еден процес кој ни помага да ги усовршиме и нагласиме нештата кои ни ги дала природата, а во исто време  да ги прикриеме малите или поголемите недостасоци, со цел да се постигне целосна хармонија и задволство при согледувањето на визијата на еден човек. Главната цел на шминката односно козметиката е тоа што со нејзина помош секоја жена може да стане привлечна, неодолива  и самоуверена дека нејзините лице, раце, коса и тело нема да останат незабележани.

За секоја жена изборот на правата шминка е многу важна работа, особено ова е значајно ако жената сака посебен изглед за време на новогодишната ноќ.

Во овој период од годината, па и за новогодишната ноќ козметичкото студио Лејди Ем Бјути препорачува користење на студени тонови со нагласен  контрас. Доколку вашата кожа е со светла боја од Лејди Ем Бјути напоменуваат дека подлогата задолжително подлогата  да биде  со блага жолтеникава нијанса. Пудрата секогаш е неутрална а карминот и моливот за усни да се  силни, впечатливи дури и малку нападни.

Сенката може да биде виолетова, сина, студено розова или сребрена во зависност од типот на кожата и нормално гардерпбата.  За да се нагласат убавините на лицето шминката треба да биде во склад со формата на лицето. Деловите на лицето што се поистакнати или деловите кои сакаме да ги скриеме  ги покриваме со пудра потемна подлога, дпколку сакаме некој дел од лицето да зголемиме т.е истакнеме тогаш задолжително се употребуваат посветли тонови на пудро, подлога или руменило.

Шминкањето преставува вештина со која убавината на секоја жена е поизразена, самиот чин на нанесување на шминка се одвива следниве постапки.

На чисто лице се нанесува коректор кој има за цел да прикрие одредени дефекти, проблематични места на кожата, темнини околу очите. Бојата на коректорот треба да е посветла  од пудрата и подлогата. Коректорот може да биде во вид на крем или стик. Потоа се нанесува подлогата или пудрата. Шминкањето на очите започнува со  нанесување на светли тонови (крем, бела, розе)  потоа се  нанесува потемна сенкаоколу целиот капак, од едниот до другиот  крај на капакот во форма на бадем.  Нанесените сенки на капакот на очите (најчесто две до три бои) мора да прелеваат една во друга за да се добие елегантен изглед. Во одредени случаеви го офирмуваме т.е шминкаме и долниот капак, ова особено одговара кај крупните очи , затоа што им дава дополнителен акцент. Ако очите се мали во тој случај не се нанесува сенка во долниот дел од окото.

Продолжуваме со нанесување на очна линија која може да се формира со молив или туш. Кожата на капакот се оптегнува и се црта линија  по работ на трепките од внатрешниот кон надворешниот  агол на окото. Потоа се нанесува маскара која може да биде обична или водоотпорна. Нанесувањето на маскара се повторува неколку пати.

Изборот на бојата на карминот е многу важен сегмент бидејки усните даваат свежина на лицето.

Ружот служи за формирање на рабовите на лицето, дава правилна форма на лицето  и тој треба да  биде потемен  од бојата на кожата.

На крајот фиксираме со фиксатор за да шминката остане непроменета повеќе  од 24 часа.

Интензивните бои на лакот за нокти може да изгледа екстравагантно.

Шминкањето секоја жена може да го направи смостојно во домашни услови, но ако има некоја посебен настан тогаш препорачливо е шминкањето да го направи професионалец. Во тој случај секоја жена ќе биде посигурна дека изгледа заводливо и нежни.

 

Внатрешната убавина е она што го носите во себе, а надворешната е онаа што можете да ја промените во козметичкиот салон Лејди Ем Бјути (на ул. Никола Карев бр. 3)  тел 043 235-757.

28/12/2009 17:16
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][24]