Француска поддршка на македонската децентрализација

Лисица: Неодамна се вративте од Франција .Пет дена таму ги согледувавте можностите за соработка. Кои се вашите впечатоци? 

Велев: Во тричлената делегација која беше во студиска посета на Република Франција како дел од НВО секторот од Велес  бев присутен и јас.  Посетата имаше една цел да се согледаат можностите за соработка помеѓу  граѓанските  организации и јавните институции на двете земји. Посета на регионот Долна Нормандија во Франција,  е во рамките  на поддршката  која  Франција и  ја дава на Македонија во   процесот на децентрализација. Една од централните теми  на соработка е развој  можностите за унапредувањето на граѓанската партиципативност и зајакнувањето на локалната демократија со употреба на новите технологии, пред се компјутерите и интернетот. Соработка помеѓу Македонскиот и Францускиот граѓански сектор постои  а јас сметам дека тој уште повеќе ќе се развива. 

Лисица:Зошто токму вие,  како програмски директор на Фондација Фокус во  делегација? 

Велев: Фондацијата Метаморфозис од Скопје е во повеќегодишна интезивна соработка со Советот на Регинот Долна Нормандија при што посветени се на поголемо приближување на интерентот, мобилните телефони и сл., да ги доближат до секој граѓанин како побргу да добие квалитетна услуга или сервис од општината. Во Франција постојат т.н. Јавни Нумерички Точки  или кај нас во Велес познатоите Е- точки кои се основани и менаџирани од Општина Велес во селата Горно Оризари и Иванковци и градската библиотека,  како и Дигиталните клубови кои се на невладините органзиации. Фондацијата ФОКУС во своите секојдневни активности и сервиси веќе 9 години нуди бесплатен пристап на комппјутер, интернет, печатење на материјали и сл. Нашата намера е да заедно со искуствата од работата на ваквите места во Франција ги пренесеме во Македонија. Она што е интересно и е разлика е што граѓаните во самите општини понекогаш немаат потреба да одат воопшто  до општината или до било која друга институција туку од дома или од Е- точките да се обартат директно писмено или со видео врска до функцијата или овластеното лице кое е надлежно за одредена облас да да добие одгвоор за кратко време и да биде решен неговиот проблем или прашање. Исто така, јавните е- точки служат и за запознавање помеѓу луѓето од различни возрасти, тие комуницираат слободно по одередена тема која ги интересира, на пример како се подготвува сирењето во одерден регион и кои се новитетите во таа сфера, по што се сретнуваат и го шират кругот на пријатели и секако своите интереси ги решаваат на еднставен начин. 

Лисица: Во кои општини  и региони престојувавте како и кои институции ги посетивте? Кои  се сервисите кои Франција  ги нуди  за своите граѓани? 

Велев: Во рамки на оваа посета имавме прилика да ги запознаеме 3 различни региони во Долна Нормандија, општините Ливеро, Сан Жем и Ла Ферте Масе . При секоја од посетите ги гледавме и човечките но и матеројални ресусри, имавме средби со 3 градоначалници, 3 претседатели на Регионални совети (во чии рамки се 12-15 општини), средби со граѓани, значајни места, псоетувавме и се запознаваме со функционирањето на образованиот процес од градинка до средно училиште, јавните сревиси за стари лица, домови на кулутура, центри за уметност, јавните елетронски точки. Покрај ова се посетивме фабрика (село) за производство на сирње, произвдство на пијалоци автентичени  за нивниот региот кои се нарекува Сидро и Калвадос, секако и нивните вина.

Лисица: Што после посетата на Франција? 

Велев: Фондацијата ФОКУС, секако продолжува со слободниот пристап до новите технологии на граѓаните од нашиот град, но сега ќе се обидеме да ги поврземе учениците од основните улилишта, младите, студентите, лицата со посебни потреби, пензионерите, се надевам дека и бизнисмените со нашите нови пријатели од Франција. Покрај директната соработка на велешани исто така ќе се посветиме на нудење на истите можности на граѓаните од Чашка, Градско и Лозово. Нашата цел е да ги развиваме соработките, да се презентираме и запознаваме ние со Европската Унија, а секако и што по директно да ги донесеме граѓаните на Европската Унија во Македонија, тоа ќе биде процес од најмалку 3 години, за што сум убеден дека многу поефективно ќе се интегрираме и запознаеме меѓу себно.

07/12/2009 16:19
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][28]