Се смета дека катализаторот што ги стави човековите права на сцената на светската политика беше холокаустот, убивањето на невини цивили од страна на Хитлер за време на Втората светска војна. До пред втората светска војна човековите права ретко беа на дневен ред на меѓународната политика, скоро и не се занимавале со нив.
Денес дојде до промена во политиката на човековите права. Нивното место во денешното современо општество е поистакното од кога и да е во историјата на човештвото. Човековите права се права што некој ги поседува затоа што е човек, човековите права се неотуѓиви. Тие важат за сите човечки суштества каде и да се на земјава планета, но не сите можат да ги уживаат.
Потполнувањето на празнина и непостоењето на норми која ги заштитува човековите права конечно на 10 декември 1948 год. во рамките на Генералното собрание на ОН се донесе универзалната декларација за човекови права.
Кога сме кај Универзалната декларација за човекови права која го штити правото на националност (D 15) , самите себеси ќе си потврдиме дека токму поборниците за овие права како ЕУ и НАТО за нас Македонците се најголемите непочитувачи на ова право.
Еден од темелните вредности на копехагенските критериуми но и најбитно е почитување на човековите права и слободи и правото на самоопределување. Ова е принципиелна политика или политика со двојни аршини. Кој сега не го почитува меѓународнот право? Македонија или ЕУ? ЕУ и наметнува улов на мојата татковина која ги загрозува човековите права и правото на самопределување. Премногу очигледна е дискриминацијата на ЕУ кон македонците, бидејќи ЕУ несака ниту да ги заштити основните човекови права на Макдонците кои живеат во Грција. Таму немаат право да се нарекуваат како што сакаат, немаат право да учат на својот мајчин јазик, замислете ова е членка на ЕУ. Но јасно македонците за ЕУ во оваа земја најверојатно се невидливи.
Зошто меѓународните организации во светот кои се занимаваат со проблематиката на човековите права не се позанимаваат со кршењето на човековите права на една држава, народ, нација.
Зошто немам право да се нарекувам Македонка, да имам своја култура и јазик? Зошто немам право мојата држава да се вика Р.Македонија? Зарем меѓународното право, повеќе не е право. Зарем ова не се непочитување на човекови права или можеби за меѓународните инститиции прекршувањето на човековите права го гледаат само во дикриминацијата на хомосексуалците??
Весна Маневска