Музички времеплов во живо

Драган Б.Костиќ, по шести пат, пловеше со велешани низ музичките хитовите стари пет децении. 

Лисица: Како се чувствувавте помеѓу велешани, по шести пат? 

Драган Б.Костиќ : „Исто беше како и кога дојдов првпат.Иако секое доаѓање е поинакво од претходното сепак ако нема добри луѓе, ако нема добра атмосфера, ако нема публика која те води и во исто време те сака, зошто би дошол. Има и други места, има и други простори но јас ја имам таа можност на избор,да одам таму кај што ме сакаат. Не дека мене и таму не ме сакаат но овде има еден питом народ. Кај што има убави жени, мора да има и многу мажи, а кај што има мажи има и народ што значи дека убавите жени си го прават своето, а признавам дека Вие велешанки сте многу убави и се прашувам еве сега од каде излеговте толку убави жени? 

Лисица: И покрај тоа што Вие сте исто толку добар шармер колку и ди џеј, морам да Ви признам дека вечерва не потсетивте на стотина убави хитови од времето наше и времето Ваше. Знаете ли дека се истрошивме во играње до бесвест? 

Драган Б.Костиќ: „Ви благодарам. Секој има право на свое време, нема наше време туку има само време во кое јас сум живеел некоја своја младост и ги паметам песните но, секоја друга наредна генерација има право на своја младост. Јас се обидувам да ги спојам сите тие генерации во една журка од два, два и пол часа. Тешко е да патуваш низ времето, да споиш разни генерации и секоја си препознава свои песни но, искуството си го прави своето. Со годините сум научил како тоа се прави како да споиш луѓе кои имаат 20 години и луѓе кои имаат 40 години. Музиката е една мала тенка нитна која успева да ги спои и едните и другите.Секој од нив препознава што е добро без разлика дали е роден во тоа време или некој му раскажувал за тоа време, она што вреди трае низ годините. 

Лисицa: Има ли рецепт забавата „ала Драган Б. Костиќ "? 

Драган Б.Костиќ: „ Можеби има... Но, има една поговорка во која се вели дека ќерката и сестрата неможат да ја раскажат приказната за Црвенкапа. Неа може да ја раскаже само бабата. Ако раскажуваш приказна за Црвенкапа, по музика од вчера, тогаш јас сум бабата. Значи јас сум возрасниот кој умее да ги спои сите тие генерации а секој помлад треба да чека да си го работи своето време па кога ќе му дојде времето, е тогаш да се обиде да ги спои генерациите. Умеењето на диџокејството е да застанеш среде бензин и да држиш шкорче, а во еден момент кога ќе почувствуваш дека публиката е твоја да го пуштиш шкорцето и ти да не изгориш туку таа да изгори. Ете тоа е уметноста да направиш добра забава. 

Лисица: Најверојатно затоа Драган Б. Костиќ го сакаат сите. Тоа се зборуваше и вечерва во Импакт. Публиката велеше е ова е нешто единствено и тоа го може само тој. Ќе сакате ли да коментирате? 

Драган Б. Костиќ: „Е многу е убаво и многу годи кога некој што има 60 години и ова го прави веќе четири децении сеуште луѓето да го препознаваат како човек на своето време иако не припаѓа на нивното време. Овде имаше млади луѓе на дваесет години и ми рекоа ти си човек на нашето време. Тоа е многу убаво кога можеш да патуваш низ времето а секој да ти каже дека си од неговото време. Значи сум го надминал времето, само Господ да ми даде добро здравје, за да можам да ги забавувам и Вашите деца. 

Лисица: Ви благодариме на убавата забава! 

Драган Б. Костиќ: „И јас Вам што ми направивте чест и што бевте дел од оваа забава."      

23/11/2009 12:52
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][17]