![]() СДСМ: Несериозната и неодговорна локална власт ја уназадува општина Велес
„Еден од многубројните проекти е проектот за пешачката патека на железен мост, која требаше да им овозможи на жителите од левата страна на градот подобри услови за пристап до централното градко подрачје. И бројните ветуваша што ВМРО ДПМНЕ им ги даде на овие луѓе не само што не ги исполнија туку и ги избришаа од програмата и не се предвидени во 2010 година", рече Иван Белевски, портпарол на ОО на СДСМ. Несериозни се и неодговорни, обвини СДСМ, и поради тоа што не го решаваат проблемот на жителите на месноста Потокот, кои од последните дождови не се плашат само за своите животи туку и за своите имоти. „И покрај известувањата на локалните и националните медиуми за катастрофата од одронетите карпи кај Потокот", советот и градоначалникот се уште немаат решенија, рече Белевски. СДСМ апелира надлежните служби да излезат на лице место, да извршат увид, и да обезбедат поставување на потпорни ѕидови со кои би се решил проблемот. Опозицијата ја повикува власта да ги решава проблемите а не да дава само празни ветувања. 12/11/2009 13:49
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |