Ракот на грлото на матката во Македонија е на четврто место по бројот на заболени,  но на второ место кај жените на воздраст меѓу 15 и 44 години. Програмата за вакцинација против инфекциите со ХПВ, е чекор кон поголема грижа за здравјето на жените. Др. Коруновски апелира девојките на 12 години да ја примат вакцината.

Лисица: Докторе Коруноски што е тоа хуман папилома вирус?

Др.Коруновски: Хуман папилома вирус е вирус кој ги напаѓа гениталните органи и предизвикува промени на нив, како што се брадавици, карциномски рези и најопасното што може да го предизвикаат карцином на грлото на матката, на вагината и на аналниот дел.

Лисица: Какви се симптомите, односно видливи ли се со голо око кај жена која е носител на овој вирус?

Др.Коруновски: Евентуално тоа може да се забележи ако жената има брадавици, но тоа не се карциномски, тоа се брадавици кои ги предизвикува подоброчудниот тип на вирусот, значи не толку ризичните типови на вирус. А вирусот кој е во грлото на матката, ако не се провери на гинеколог не може туку така да с еоткрие.

Лисица: Кои се превентивните мерки. Дали жената континуирано треба да оди на преглед кај гинеколог за да не дојде до вакви последици?

Др.Коруновски: Еднаш годишно би било пожелно жената да направи контрола кај својот матичен гинеколог, без разлика дали има или нема симптоми. Додека пак има некаква промена во однос на секретот, во однос на кој било дел од гениталните органи треба почесто да оди на прегледи. При прегледот со колпоскопот и пап тестот можеме да утврдиме дали има некоја промена или нема. Превентивно да не дојде до тоа постои нели вакцината која заштитува и со неа не може жената да го добие вирусот. Исто така како превентивна мерка се препорачува и да се внимава при сексуалните односи, во изборот на партнерот, користење на кондоми, неменување партнери. Со еден збор внимателно сексуално однесување.

Лисица: Од октомври годинава вакцината е задолжителна за девојчињата на 12 годишна возраст.

Др.Коруновски:  Да таа е задолжителна, што е добра основа да со тек на годините понатаму карциномот на грлото на матката да не предизвикува некаков проблем, а ја препорачувам секако бидејќи многу е подобро да се спречи отколку после да се лечи. Со појавата на вакцините на многу болести им е намалена можноста да делуваат на здравјето на луѓето. Многу болести од минатото со откривањето и примената на вакцините се намалени и не претставуваат проблем. Верувам дека со оваа вакцина ќе се намали бројот на жени заболени од овој вирус. Според некои математички пресметки, се претпоставува дека во земјите па и во нашата, со задолжителната вакцина, за 10 до 15 години ќе се искорени таа болест.

Лисица: Во јавноста можат да се забележат интересни забелешки во врска со оваа вакцина. Се поставува прашањето дали да се прими или не. Има ли нус појави вакцината и како се рефлектира врз здравјето на жената?

Др.Коруновски: Оваа вакцина нема нус појави. Значи досега нема ниту еден публикуван ниту докажан случај на негативно дејство врз личноста што ја примила. Откако пред две години во земјава почна да се применува, ниту во мојата пракса ниту кај некој друг колега, не се случило да имаме некој несакан ефект. Оваа вакцина е безбедна, делува стопроцентно до крај на живот. Делува на овој вирус и на останатите вируси. Таа во себе не содржи никаков тип на вирус, кој што е оштетен, уништен. Нема вирус на ДНК никаков во нејзе. Можат да ја употребат жени во секоја возраст.

08/11/2009 10:36
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][22]