![]() Опозицијата бара седниците на Советот да се емитуваат на локална телевизија
Советничката група на СДСМ смета дека граѓаните не се доволно запознати со работата на советот. Транспарентноста е целосно во втор план ,велат од СДСМ. Градоначалникот Горан Петров на последната седница се оправда со податокот дека медиумите на последниот тендер побарале голема сума на пари за нивно емитување. Градоначалникот од Советот, особено од опозицијата побара разбирање додека не се изнајде соодветно решение. „Понудата од 200 евра по секунда е надвор од секоја логика. Ако ги прифатевме тогаш е невозможно истите да ги платиме бидејки немаме толкав буџет", рече градоначалникот Петров. Од опозицијата калкулираат со други бројки дека 200 евра по секунда е највисоката понуда и дека на тендерот имало и поповолна понуда. „Нашите информации говорат дека еден медиум имал поповолна понуда. Но како и да сакаме што побрзо да се реши ова прашање за да не се реализира заканата дека ќе го напуштиме советот бидејки не сакаме да дидеме дел од нетранспарентно работење„вели Дејан Гавазов координатор на советничката група на СДСМ. Додека да се реши прашањето за емитување на седниците граѓаните на Велес за раотата на Советот се информираат преку прес конференциите кои редовно ги одржува претседателот Славчо Чадиев. 29/10/2009 15:49
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |