Мажите во Токио имаат нов моден хит - здолниште! Така облечени шетаат по градот и не ми пречат љубопитните погледи на минувачите.
"Ми се допаѓа како ветерот го подига здолништето", вели студентот Харуки Шана, кој е одушевен од новиот тренд. Тој на улиците во Токио се шета во бело памучно здолниште со геометриски форми.
Момчето вели дека желбата да облече здолниште му се појавила кога ги видел ликовите во "Хари Потер".
Очигледно е дека таквиот начин на облекување им се допаднал и на другите мажи во Токио, бидејќи се поголем број од нив може да се видат во здолништа.
Дали станува збор за моментален хит или за конечно бришење на границите меѓу начинот на облекување на мажите и жените, ќе покаже времето.