Политичките доктрини ни сервираат концепти низ човештвото за вокацијата на сопствента личност, градена во општествената реалност и нејзините предрасуди кон големите авторитети.
Во реалноста ни е отсликана објективноста дека индивидуите во најчест случај не поднесуваат авторитети, но ги почитуваат поради фактот што се немоќни и зависни од нив.
Но, постои и друга реалност, во која се поголем број луѓе придонесуваат да бидат владеани, организирани, а во таа организираност да ги истакнат своите квалитети. Станува збор за послушност по слободна волја и принудна послушност на личноста.
Послушноста по слободна воља е искрена и лојална кон одредената институција, организација или кон следењето на одредена идеологија. Секогаш можете да сметате на овие личности, бидејќи доброволно се послушници и доброволно ја прифаќаат секоја задача и ја реализираат онака како што им е поставена. Овие личности дејствуваат на долг рок, принудената послушност најчесто е резултат кога им е доверено нешто кое самите не го заслужиле па треба да се оддолжат прифаќајќи ги одлуките и задачите принудно, но во првиот момент кога ќе се почуствува дека ја губите моќта ќе ве отфрлат.
Човекот е zoon politikon (суштество кое живее во заедница), живејќи во заедница човекот имал свои водачи, владетели односно големи авторитети каде што заедницата им се покорувала.
Личностите ги доживуваат своите успеси најчесто како плод на својата интелегенција, заради својота лојалност и придонес, а кај нас индивидуите во најголем број случаи својот напредок го добиваат заради добрите пријателски врски со таканаречените големи авторитети. Најчесто некој од тие авторитети за вас сметаат дека сте личност која нема став, немате доволно капацитет да придонесете за одредена институција, организација и низа други потценувања на ваша сметка. Се прашувам дали личноста со авторитет која потценува други личности заслужува почит и воопшто заслужува да се нарече личност .
Но тоа се само недоносени деца кои самите сакаат да бидат уважени со својот авторитет кој го стекнале врз основа на волјата на одредена група граѓани . Сепак вие работевте за тој денеска да има свој авторитет, да извршува јавна функција која вие и многумина други му ја овозможивте, а денес од таа личност сте заборавени и омолаважени. Јасно е дека станува збор за политичарите и нивниoт авторитет. Најчесто какви кадровици такви кадровски решенија.
Ние сме свет кој една личност за да ја доживее својата еманципација треба да има вујко владика, цинично нели.
Кога ќе се воспостави вредносниот систем, кога трудот ќе се мери по тоа кој колку сработил толку да му се плати, тогаш ке има правда. Можеби животот се претворил во политика, а политиката е најстариот занает на светот.
Moжеби merit и spoil системот ќе почне практично да функционира кога Македонија ќе ги доживее своите интеграции, кога ќе биде дел од големото европско семејство. Личностите кои со сопствен труд го стекнале своето образование, а со тоа се стекнале и со содветно знаење треба да им се даде можност да го искористат, а со тоа ќе дадат несебичен придонес за државата.
Весна Маневска
авторот е политиколог