![]() Нема локален медиум во Гевгелија
Гевгелиските новинари тврдат дека законот за локална самоуправа од 2005 година не и дава право на општината, туку на државата, да газдува со имотот на локалното радио и телевизија. Затоа случајот го пријавиле во полиција. „ Ова навистина е самовластие од општината и градоначалникот кои надвор од нашата желба за разговор спроведе катанец демократија во Гевгелија," вели Јованка Дојранлиева, в.д директор на ЈРДС. Општината демантира дека затвора медиуми. Според портпаролот Љупчо Алексовски станува збор за спроведена акција за евидентирање на општинскиот имотот. Тој тврди дека на ваков чекор се одлучиле откако пропаднале сите обиди за контакт со Дојранлиева и се натрупал долг за кирија. „ Години на ред за тој простор не е платена кирија.Затоа треба да го напуштат бидејќи на општината и треба и планирана е негова реконструкција", вели Љупчо Алексовски, портпарол на општина Гевгелија. Додека на општината и треба просторот во кој се сместени радиото и телевизијата седуммината вработени ги очекуваат резултатите од јавната лицитација за продажба. Министерството за економија и владина комисија освен Радио Гевгелија ги продава уште локалните медиуми во Струмица, Пробиштип и Битола. 10/09/2009 12:20
Од Сојузот на спортови за 2011 бевме прогласени за втор најуспешен спортски клуб во градот
Пигментација на кожата
Знаете ли што е тоа Е-ОТПАД![]() |