“МИНИ СМОТРА“ Велес – Голозинци 2009

Извидничкиот одред "Димитар Влахов" од Велес остварувајки ја својата програма за работа ги реализираше 24 Средби на извидници кои што беа организирани во рамките на т.н МИНИ СМОТРА.

Средбите на извидници се организираа на теренитена општина Чашка и тоа на потегот Голозинци - нас. Чашка - Еловец - Лисиче - езеро Лисиче - Голозинци. 

МИНИ СМОТРАТА се организирааше во периодот од 4-8 септември 2009 год.,  во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село, а на неа учество земаа  120 млади на возраст од 15 до 18 години.  На овие средби кои што беа од меѓународен карактер извидниците се натпреваруваа во делот на ориенатцијата и топографијата на непознате терен, прва помош, сигнализиација и престој во природа.

На овие средби учество земаа извидници од следните извиднички одреди и тоа: ИПО "Јадран", ИПО "Галеб", ИО "ММ-Брицо" сите од Скопје,  ИО "Скаут" од Куманово, ИО "Еригон" од Прилеп, ИО "Н.Н.- Борче" од Крива Паланка, извидници од Република Србија и одредот домакин ИО "Димитар Влахов".

Првото место им припадна на извиднците од ИО "М.М.-Брицо" од Скопје, второто на извидниците од ИО "Еригон" од Прилеп , а третото на членовите на ИПО "Јадран". За прво пријавена екипа и нај дисциплинирана патрола беше прогласена патролата на ИО "НН-Борче" од Крива Паланка. 

Додека во вториот програмски дел од МИНИ СМОТРА треба да се нагласи дека се одржа само еднодневна сесија од предвидената програма за старешини и началници и пишување на проекти под раководство на Милош Ристиќ од Република Србија. Овој дел е реализиран во рамките на програмата "Поддршка по мерка" помеѓу Сојузот на извидници на Македонија и Европската скаутска канцеларија.

Гореспоменатите активности се реализираа по повод 8 Септември - Денот на независноста на Македонија. Треба да се нагласи дека  извиднички одред "Димитар Влахов" и овој пат се престави како добар домаќин, со што на најквалитетен начин го презентира  градот Велес.

09/09/2009 12:14
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Од Сојузот на спортови за 2011 бевме прогласени за втор најуспешен спортски клуб во градот
Валентин Тошев:Ендуро трките само по себе се тест на издржливост на моторциклот и возачот.(Видео)
Lisica.mk Од наш агол Пигментација на кожата
Појавата на темните флеки (хиперпигментација на лице) најчесто е последица на т.н. MELAZMA која се јавува на челото, образите, брадата и горната усна.
Колумна Колумна
Не навредувај ја верата на луѓето За жал, последните десетина дена Македонија, бар онаа онлајн, беше сведок на еден тон оркестрирани, подбуцнати, испровоцирани и наменски провокации, навреди и омаловажувања кон сите припадници на православната вера и МПЦ-ОА.
Знаете ли што е тоа Е-ОТПАД

да

не

не ме интересира

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.11][43]