![]() Дваесетина македонски компании ќе стипендираат 25 студенти во академската 2009/2010 година на Технолошко-техничкиот факултет, открива деканот Драган Дамјановски. Лисица: Универзитетот Св.Климент Охридски Битола како државен универзитет, постојано ја збогатува програмата со нови атрактивни содржини, па така и минатата година го отвори Технолошко-техничкиот факултет во Велес. Можте ли накратко да ни го претставите Вашиот факултет, кога е основан и слично? Дамјановски: Во склоп на Универзитетот Св.Климент Охридски Битола за прв пат минатата година е отворен Технолошко-техничкиот факултет единствена државна високошколска установа во Велес, кој претставува неопходен фактор во општественото високо образование и потенцијална основа за побрз стопански развој во градот. Заблагодарувајќи се на богатото историско наследство во областа на културата, образованието и технологогијата ни претставува посебно задоволство и изненадување што Велес веќе стана и факултетски град. Нашиот факултет е млад факултет отворен минатата година со дисперзирани студии во Кичево кои ќе покажат економска оправданост од нивното отворање. Дејностите на факултетот се образование, научно-истражувачка дејност и издавачка дејност. На факултетот се основани и три институти за прехрамбена технологија,за процесно инженерство и биотехнологија и еден центар за истражување и развој. Лисица: Кои студиски програми се изучуваат и колкав е бројот на студентите кои можат да се запишат на Вашиот факултет? Дамјановски: Изминатата учебна година се изучуваше студиската програма за Прехрамбена технологија и биотехнологија каде што се запишаа 80 студенти во Велес и 50 студенти во Кичево а нареднава година ќе се изучува и студиската програма Процесно инженерство и прехрамбена индустрија. Студиската програма Прехранбена технологија и биотехнологија овозможува стекнување на инженерски знаења потребни за водење на процеси при преработка на храна и други биолошки материјали. Дипломираните инженери се квалификувани за контрола и подобрување на постоечките процеси, како и креирање на нови производи и технологии во согласност со системите за безбедност и квалитет во прехранбената индустрија и биотехнологијата. Студиската програма Процесно инженерство и прехранбена индустрија нуди широки инженерски знаења за водење, оптимизација и проектирање на процеси во прехранбената индустрија и преработката на биолошки материјали. Наставната програма овозможува идните инженери да се оспособат во примената на знаењата и современата компјутерска технологија за моделирање, симулација, контрола и водење на процесите. За академската 2009/2010 год.предвидено е да се запишат 180 редовни студенти во државна квота, 100 редовни со кофинансирање и 10 вонредни студенти. Лисица: Кои се условите и критериумите за запишување на Вашиот факултет ? Дамјановски: Во оваа учебна година ќе се запишува втората генерација средношколци кои полагаат државна и завршна матура по критериумите што се утврдени во конкурсот. Поконкретно за нашиот факултет основен критериум е постигнатиот успех во средно четиригодишно образование со најмногу 100 поени, 60% општ успех по сите предмети и 40 % успех постигнат на државна матура. Лисица: Дали се предвидени стипендии и други слични поволности за новите студенти ? Дамјановски: Како резултат на развиената меѓународна соработка на факултетот, се нудат можности за престој на наставниот кадар во меѓународната размена.За таа цел нашиот факултет обезбедува 25 уписни стипендии за новите студенти од реномирани компании од Македонија како што се Жито Вардар Велес, Малина 99 Велес, Агриа Велес, Винарија Дудин Неготино, Делта Пром Велес, Комерцијална банка АД, Милина-Прилеп, Јафа сокови Скопје, Киро Дандаро Битола, Хемометал Битола, Симпекс Битола, Пиконинвестмент Скопје, Б&К маркети Битола, Шеровски компани Битола и други компании за кои подетално можете да се запознаете на нашата веб страна www. www.ttfv.uklo.edu.mk Лисица: Иако сте нов факултет односно постоите само една година дали имате остварено соработка со деловни субјекти во областа на стопанството? Дамјановски: ТТФВ во со група деловни субјекти од Велес потпиша договор за обука за имплементирање на ХАЦЦП системот каде што предмет е воведување на предусловните принципи базирани на истиот. Реализацијата на проектот ќе се одвива преку подготовка,планирање и реализација на планот. Ова е соработка помеѓу науката и стопанството каде што ТТФВ е посветен за развој на прехрамбената технологија, бидејќи ХАЦЦП е систем заснован на современи научни и технички принципи за превентивно делување во технолошкиот процес со цел заштита на потрошувачите и снадбување со безбедни производи. Локацијата на одржување на обуката од страна на стручен тим од Факултетот како и надворешни експерти со догогодишно искуство ќе биде во просториите на ТТФВ и при тоа ќе се организираат две посети во објекти за практична имплементација на ХАЦЦП. Лисица: Какви се искуствата на Вашиот факултет со воведувањето на ЕКТС? Дамјановски: Општата оценка на наставниците и асистентите на ТТФВ според принципите на ЕКТС е позитивна. Наставниците вложуваат напори за да ги остварат поставените цели каде што од страна на наставно-научниот кадар и студентите континуирано работиме за подобрување на наставниот процес. Ова ќе биде прв чекор во правецот на креирањето на успешна иднина каде што во текот на студитањето можете да се потпрете на професорите не само по стручните способности туку и на основата на нивниот однос спрема позицијата. Лисица: Која е Вашата визија за развој на факултетот и што им би порачале на сегашните матуранти-идни академски грагани? Дамјановски: Квалитетен предуслов на факултетот би претставувала меѓународната соработка со образовни институции која перманентно ќе се проширува и продлабочува. Самиот факултет ќе обезбеди достапност и отвореност на нашата високо образовна институција за сите оние кои сакаат да се усовршуваат и образуваат. Предизвик на овој факултет е обезбедување на високо квалитетен инженерски кадар каде што се наметнува потребата кај младите луѓе да студираат и стекнуваат нови знаења. Во иднина би сакале да оствариме плодна соработка со домашни и странски институции во доменот на технолошките науки, инжењерството, прехрамбената индустрија на Балканот и пошироко. На идните академски граѓани би им порачал дека самите се одговорни за нивниот успех. Ги повикувам сегашните матуранти да изберат да БИДАТ БРЕНД на ТТФВ затоа што технологијата овозможува сигурна и просперитетна иднина која ќе им помогне на идните генерации побезбеден и побогат живот. Времето што ќе го поминете на овој факултет е време за проширување на знаењата, стекнување и поттик на нови идеи, градење на пријателства, како и време за трансформација на средношколската младина во академски граѓани со сопствени ставово и мислења. 12/08/2009 14:31
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |