Нашето пoстоење е резултат на нашето минато, на животното искуство на нашите претци, на нивната борба за национална слобода.Само на овој начин може да се сфати сегашноста со коресподентност на нашето минато.
Од осамостојувањето на Македонија и Виолинскиот клуч со голо петолиние кое содржи срамни ноти е презентирано во привремената спогодба. Мора да знаеме како некој во минатото ги занемари граѓаните за да знаеме како да реагираме во сегашноста за нашата посветла иднина.
Кога станува збор за привремената спогодба меѓу Р.Македонија и Р.Грција граѓаните мораат да ја знаат содржината на оваа спогодба од која произлегуваат одредени елементи кои не се во согласност со Уставот на Р.Македонија. На почетокот на овој договор не ми е јасно како Втората страна се сложила да не го употребува уставното име на државата која ја преставува Р.Македонија. Со ова е повреден член 1 од уставот според кој Р.Македонија е суверена, демократска и социјална држава. Втората страна (Р.Македонија) ја прекршила и алинеја 2 од член 1 од Уставот на Р.Македонија според кој суверенитетот на Р.Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив со самиот факт што во оваа спогодба се утврдуваат прашања кои се веќе уставно-правно утврдени и регулирани. Исто така е повредена и волјата на граѓаните кога на одржаниот референдум од 8 септември 1991 плебисцитарно ја изразиле својата волја, Р.Македонија да се конституира како суверена и самостојна држава. Името Македонија во котинуитет се прифаќа од македонскиот народ како единствено име на својата држава кое го изразува неговиот македонски национален идентитет и територјален интегритет на државата. Од антиката до денес со постоење на носителите или субјектите на нејзината државност - македонскиот народ и македонската нација постојат во современи услови на постоење.
Втората страна ја признала разликата во името и се согласила и понатаму да преговара и тоа се додека не се реши „успешно" ова прашање. Се поставува прашањето: Дали воопшто спогодбата е во согласност со повелбата од ООН. Оваа повелба во член 1 го истакнува сувереното право на постоење на државите и народите и нивното именување и определување според суверената волја на народот во тие држави. Промената на името на една држава всушност значи забрана за постоење на еден народ во семејството на народите. Дали цивилизирана Европа и еден навистиа цивилизиран свет сакаат ова да биде реалност? Со овој пристап е повредена слободата на мислата и определбата на поединецот. Нејасно е кој на втората страна им дал за право на тогашните власти да ја наречат во привремената спогодба Македонија како втора страна. Останува енигмата кој и дозволува на Владата да преговара и разговара за прашање кое излегува надвор од уставните рамки, истотака да се сложи со постоење на разликите со името. Апсурдно и неопростливо е предмет на билатерален договор да биде пазарење околу име на држава која веќе го има и единствено тоа име го носи во своето постоење. Кој закон или устав на друга држава дозволува владата или некоја друга институција да се пазари со уставно загарантираното право на граѓаните да се нарекуваат онака како што сакаат т.е. нивната држава.
Некои политичари во минатото себеси се нарекувале интелектуалци кои најверојатно живееле во филм дека Македонија е во нивна сопсвеност. Тие политичари веќе тогаш делумно го продале името на сопствената држава, а денес се нарекуваат Македонци.
Весна Маневска