![]() Македонија е на добар пат да се справи со организираниот криминал воопшто, вели директорот на УСППФТ, Ване Цветанов. Во секоја земја има нечисти пари бидејќи нема земја каде што нема криминал. Македонија е на добар пат да се справи со перачите на нечисти пари и со организираниот криминал воопшто, вели директорот на УСППФТ, Ване Цветанов. Лисица: Како управата утврдува кои финансиски средства се со сомнително потекло? Цветанов: Системот за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам е составен од три столба. Првиот стоб го сочинуваат субјектите кои што се задолжени по Закон за сомнителни трансакции информациите за сомнителните трансакции да ги доставуваат до УСППФТ . УСППФТ има доставено до сите субјекти (банки, штедилници, осигурителни компании, нотари, адвокати, останати финансиски институции, односно сите институции во државата од правен сектор кои имаат допир со поголема количина на пари), листа на индикатори. За секоја од финансиските институции има различни индикатори кои укажуваат што е индикативно, односно сомнително. По таа листа на индикатори институциите се должни доколку се случи трансакција која што е опишана во листата на индикатори институцијата е должна да ја достави до нас. Доколку институцијата истата не ја достави согласно одредбите од Законот, може да добие прекршочна пријава. Управата за спречување на перење на пари постапува по извештаите за сомнителните трансакции согласно правилникот за обработка на предмети. Првично откако ќе се архивира пријавата се доставува до оделението за првична проверка, потоа предметот оди во одделението од каде се доставуваат барања до финансиските институции кои на нашето барање треба да одговорат во рок од 10 дена. Од кога ќе се добијат одговорите тогаш нашите служби работат на предметот за да се добие одговор имаме ли цврсти индикации дека станува збор за сомнителен предмет, или нашите индикации ќе покажат дека пријавата по која сме работеле не е предмет во кој што е сторено кривично дело перење пари. Ако се докаже дека пријавата е со цврсти индикации за сторено кривично дело истрагата по предметот продолжува понатаму. Лисица: Има ли во Македонија нечисти или сомнителни пари? Цветанов: Во секоја земја има нечисти пари бидејќи нема земја каде што нема криминал. Прашање е колку се тие пари, односно колкава е стапката на криминалот. Република Македонија за жал, до пред три години беше на најниските места во табелата за корупција во светските организации. Но Владата на Република Македонија последните неколку години ја зајакна борбата против криминалот и затоа Македонија ја подобрува својата позиција. Ова е доказ дека борбата против криминалот е приоритетен за оваа Влада. Неможам да кажам дека во Македонија нема криминал, но , работиме системски за да ја намалиме стапката на криминалот. Штом има остатоци од криминал има и валкани пари. Важно е што ние градиме систем кои сега и во иднина ќе им оневозможи на криминалците, без поголеми тешкотии, нечистите пари да ги внесат во системот. Пример: порано многу лесно беше пари од нелегални трансакции да се внесат во бизнисот додека денес ризично е и за лицето и за институцијата парите да се внесат бидејќи нашите контроли можат тоа лесно да го откријат и инволвираните да заработат пријава за сторено кривично дело. Лисица: Претпоставувам дека имате информации каква е состојбата во регионот. Каде е тука Македонија? Цветанов: Целиот регион бележи тренд на зајакнување на системите за перење на пари, затоа што сите соседни земји, освен Грција, се членики на МАНИВАЛ комитетот при Советот на Европа во Стразбур. Оваа институција ја следи работата на сите земји. Врши контрола на сите членки и на секој две до три години дава извештаи. Доколку постојат забелешки, Комитетот честопати прашува до каде сме со нивно надминување. Членките на МАНИВАЛ Комитетот се земји членки на Европската Унија или земји претенденти за да станат членки. Лисица: Предмалку говоревте со кои институции соработувате или треба да соработувате, сметате ли дека соработката е добра? Цветанов: Сметам дека соработката со институциите не е доволно добра бидејќи самите субјекти ја немаат сфатено доволно добро Управата и нивните законски обврски да соработуваат со нив. Оваа соработка неопходно е да се сфати сериозно , не затоа што државата ги тера да соработуваат бидејќи соработката е за доброто на сите во општеството. Парите кои се носат да се исперат во некоја институција се пари кои потекнуваат од криминални дела со кои се уништени човечки животи, но, во борбата со криминалот и нечистите пари станува збор и за морална одговорност. На пример ако се открие дека некоја институција е вклучена во нелегален бизнис, односно перење на пари, таа сноси ризик, нејзината репутација сериозно може да се наруши и да дојде до паѓање на ликвидноста на цените на акциите бидејќи општеството институцијата ќе ја карактеризира како перална на пари. Но, постои можност и без знаење на одговорните лица во Институциите одредени вработени да бидат вклучени во некое кривично дело или да им помогнат на одредени криминалци да исперат пари. Ако директорите на ваквите институции се свесни за овие работи, мислам дека ќе бидат уште повеќе на наша страна и ќе соработуваме уште повеќе.Тврдам дека сеуште во финансиските институции има многу либерален пристап, но работите мора да се менуваат и соработката да се продлабочува. Напредок во работата постои. Особено после нашите прес конференциии одржани минатата година во август месец, кога посочивме шест институции, велам само шест бидејќи и останатите не се идеални но овие беа водечки. После тоа успеавме да ја подобриме соработката но таа не е доволна и секогаш може подобро. Убеден сум дека со добра волја на сите институции во иднина соработката ќе ја подобруваме. Лисица: Сметате ли дека банките ги штителе своите клиенти? Цветанов: Посочените шест банки беа најнекооперативни во неколку критериуми кој што тогаш ги следевме. Не велам дека состајбата и денес е таква и дека тие банки се некооперативни. Во тој момент имавме забелешка за работата во сите банки, но, овие шест беа водечки. Состојбата се менува секојдневно, Некои банки го менуваат системот . Имаме сосојби каде одредени банки во улога на штитење на клиентите не соработуваат доволно па дури сме имале и состојба каде што од одредена банка сме барале информација за одредена група , потенцијални криминалци, а банката да не ни дала целосна информација. За ваков случај се покренува постапка и доколку нашите сознанија се покажат точни банката ќе се соочи со санкии. Но добро е што почна да функционира одделот за инспекциски надзор бидејќи досега таа работа ја вршеше Народната банка. Ние не можевме да се потпреме на целосна поддршка од нивна страна и искрен партнерски однос бидејќи искуството покажа дека Народна бакнка целосно, во одредени случаеви, не си ја врши својата работа. Имаме случај кога Народна банка била во контрола на една банка и по извршената контрола не регистрирала ниту еден случај на можно криминално дејствие. Но само два месеца после нив, во истата банка, влегува наша контрола и ние пронајдовме дваесет прекршоци. И токму затоа велам дека добро е што почна да функционира нашиот инспекциски надзор. Јас сум свесен дека во која било банка да влеземе нерегуларности ќе пронајдеме но, прашање е дали тие нерегуларности се направени без умисла или со умисла за перење на пари. Лисица: Колку нелегални трансакции имаме во првите шест месеци и споредено со минатата година дали бројката е поголема? Цветанов: Бројот на извештаи за сомнителни трансакции во првата половина на годинава е зголемен неколкукратно во споредба со истиот период лани. Ова е како резултат на зајакнатите контроли и нашиот посебен пристап кон банките. За зголемениот број откриени нелегални трансакции најзаслужен е нашиот оддел за испекциски надзор. Во првите шест месеци бројот на пријавени извештаи за нелегални трансакции е 100, до крајот на оваа година мислам дека бројката ќе биде двојно поголема. Сметам дека тоа е реалната бројка на сомнителни трансакции во кои има учество на нелегални пари во Република Македонија. Лисица: Има ли лоцирана сомнителна трансакција која потекнува од велешанец? Цветанов: Ние работиме согласно Законот за класифицирани податоци и согласно Законот за лични податоци. Во никој случај не смееме да говориме за идентитети ниту потеклото на лицата кои се вмешани во сомнителните трансакциски предмети. Но ние работиме врз основа на сознанија на една трансакција со тоа што лицето инволвирано во трансакцијата ниту е осудено , ниту е потенцијален криминалец, туку за тоа лице имаме сомнение дека можеби е дел од некоја банкарска нелегална трансакција. Понекогаш се случува одредена банка за да се заштити самата себе, да пријави некој случај но, по нашите контроли сме утврдиле дека лицето не е дел од криминалните дејствија. Но доколлку се докаже дека лицето е дел од криминални дејствија тогаш МВР настапува оперативно, и подготвува кривичен предмет кој што го доставува до Обвинителството и обвинителот одлучува дали ќе се покрене кривична пријава или не. Лисица: Во фаза е реализација на ТВИНИНГ проектот, кои се очекувањата од истиот , ќе и помогне ли на Управата подобро да се справува со можното перење на пари? Цветанов: Проектот е во завршна фаза и веќе ги гледам резултатите. Остануваат уште четири месеци до негово завршување. Со овој проект успеавме да реализираме седумдесетина обуки и семинари. На тие обуки учествуваа претставници од сите институции (судството, обвинителството, банките, финансиските организации). Предавачи беа луѓе од Шпанија но и од седум-осум европски земји. Учесниците на овие семинари и обуки успеаа да видат како борбата на криминалот се спроведува во земјите од каде што доаѓаат предавачите. Овој проект е проект кој треба да ја зајакне Управата но и да укаже колку е значајно за Македонија да се соработува на полето на сузбивање на нелегалните трансакции но и можноста одредени луѓе да бидат вклучени во финансирање на терозризам. Сметам дека сега многу е појасно дека борбата против кримиланите дејствија и внесувањето на нелегалните пари во системот е за доброто на целото општество. Со текот на времето спроведувањето во пракса на искуствата добиени од ТВИНИГ проектот ќе ги даде очекуваните резултати. Лисица: На почетокот на оваа година СВР Велес испадна со првично обвинение за одредени личности кои беа осомничени за нелегални брзи трансакции, но само по неколку дена првичното обвинение се преименува, бевте ли Вие како институција вклучени во истагата на овој случај? Цветанов: Како што реков Управата е задолжена , согласно Законот, за прибирање на податоци и Законот за заштита на лични податоци да не смееме да говориме околу идентитетот и околу судбината на состојбата за одредени предмети кои немаат сеуште судска завршница. Инаку Управата постапува освен по извештајот за сомнителна трансакција пријавена од страна на субјектите, и по извештајот за сомнителна трансакција пријавена од страна на истражните органи. Односно доколку тие водат анализа за некаков случај и доколку според нив освен другите елементи има и елементи на перење пари тие се обраќаат до нас со објаснување на тој случај и со барање помош од наша страна за конкретна финансиска анализа на конкретен предмет. Ние вршиме финансиска анализа и согласно потребите на тој предмет тие анализи ги доставуваме до истражните органи и тие понатаму ја реализираат целата постапка до доставување на кривична пријава. Понатаму пак Обвинителството одлучува дали ќе ја прифати таа кривична пријава баш таква или ќе бара промена или дополнување со нови податоци или пак ке ја отфри. 30/06/2009 11:21
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |