![]() Велешките компании со можност за сопствена промоција во извештајот на Брисел Прес. Велешките компании ќе имаат можност да се најдат на страниците на специјалниот извештај за Македонија што влијателната независна медиумска агенција Брисел Прес ќе го промивира во светот во текот на наредните неколку месеци. Ова за Македонија е можност за презентација на економските потенцијали но и граѓанскиот сектор. Лисица: „Брисел Прес" во Македонија опстојува со Виктор Ѓоргиевски. Млад човек кој по школувањето во странство се вреаќа дома за да го примени на дело она што го научил во Лондон. Ѓорѓиески: Родум сум во Прилеп, на своја 17 годишна возраст одлучив да го продолжам школувањето во странтво. По завршувањето на средно училиште во Оклахома Сити, ги започнав моите студии во областа на меѓународните односи на Њу Јорк Колеџ во Атина, Грција. По пет семестри поминати во Грчката престолнина, одлучив да преминам на престижниот Државен Њурошки Универзитет во Њу Палтз каде што дипломирав. За време на мојот престој во Њу Јорк ги искористив уникатните можности за учество на Харвард Моделот Обединети Нации како и четиримесечната пракса во Обединетите Нации кое ми помогна да се стекнам со членство во почесното политичко општество "Пи Сигма Алфа". По успешните додипломски студии во Америка запишав постдипломски студии на Хурон Универзитетот во Лондон каде што минатиот август го добив статусот на Магистер по меѓународни односи. Лисица: Која е причината што по толку богато меѓународно искуство се вративте во Македонија? Ѓорѓиески: Најискрени ми се намерите да придонесам за подобра иднина на мојата земја и на моите сограѓани. Мојата желба е да го ставам сето мое знаење и сите мои искуства во функција на подобрување на животниот стандард во нашата држава. Откако немаше расположение од министертвото за надворешни работи да ме стави во своја функција, единствено што ми преостана да барам начин преку влијателни организации да се вклучам во процесите за презентација на мојата држава. Пред два месеци ми беше понудена позиција во "Брисел Прес", и по успешно поминатите обуки сега учествувам во проектот што оваа компанија го изработува во Македонија. Лисица: Што е "Брисел Прес"? Ѓорѓиески: "Брисел Прес"е влијателна независна медиумска агенција која изработува престижни извештаи за земјите во светот и тие извештаи одат во прилог на најпочитуваниот Белгиски бизнис магазин "Менаџер" и допираат до повеќе од 145 000 највлијателни креатори на мислење и луѓе чии одлуки влијаат врз одвивањето на процесите на глобалниот бизнис сектор. Со седиште во Лондон и Брисел, оваа реномирана медиумска агенција ги промовира своите извештаи кај странските инвеститори во Белгија, во седиштата на ЕУ и НАТО, Светската Банка, Меѓународниот Монетарен Фонд, Европската Банка за Обнова и Развој, итн. Целта на овие извештаи е да се претстават најновите информации за бизнис можностите на македонските компании пред бизнисмените од Белгија и останатите држави од Европа и од светот. Развиената мрежа од компании на оваа агенција претставува силна можност за вклучување на македонските и отпочнување на бизнис соработка. Лисица: Зошто оваа агенција изработува извештај токму за Македонија? Ѓорѓиески: "Брисел Прес" го изработува овој извештај по претходна препорака од Македонскиот амбасадор во Белгија, Господинот Мухамед Халили кој е свесен за влијанеито на оваа публикација во Белгија и бенефитот кој што Македонските компании ќе го имаат по појавувањето на истиот. Истотака, извештајот се изработува во соработка со голем број на министерства, вклучувајќи ги министерствата за економија, финансии, земјоделтво, транспорт и врски и други. По средбата со нив, сите министри ја искажаа нивната поддршка за овој проект и го истакната своето убедување дека Македонските фирми ќе знаат да ја искористат оваа уникатна можност што ја нуди оваа мултинационална агенција. Лисица: Дали во тој извештај ќе бидат вклучени и Велешките фирми? Ѓорѓиески: Дефинитивно. Во специјалниот извештај им се доделува простор на најуспешните Македонски фирми, независно во кој град тие се наоѓаат. Многу е важно да им се даде можност на сите фирми кои најдобро ќе ја претстават поволноста на Македонска инвестициска клима и ќе послужат како одлична референца за привлекување странски инвестиции и партнери од странство. Лисица: Зошто сметате дека е важно за Велешките фирми да учествуваат во овој извештај? Ѓорѓиески: Велешкиот регион несоменено има огромен потенцијал кој со правилни странски инвестиции би се претворил во реално подобрување на животниот стандард и намалување на невработеноста. Истотака, постојат Велешки компании кои докажаа дека имаат капацитет да го развиваат регионот и општеството генерално. Целта на "Брисел Прес" преку овој извештај е да им ги пренесе овие успешни поглавја на Македонскиот бизнис сектор на највлијатените инвеститори и бизнисмени од Европа кои се спремни за инвестирање и соработка со фирмите од Македонија.
06/06/2009 18:42
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |