Од поранешен партиски портпарол до дел од победничкиот тим на Јакимовски

Од поранешен партиски  портпарол до дел од победничкиот тим на Јакимовски. На ЛДП и престои тежок период на трансформација и консолидација, смета политикологот Љупче Пренџов.

 

Лисица: Како од позиција на портпарол на ЛДП О.О Велес и Претседател на младината станавте дел од изборниот штаб на Стевче Јакимовски за градоначалник на Општина Карпош?

Пренџов: Сосема природно. После кадровските смени и ново-старите кадровски решенија и предлози за идни советници, се помалку и помалку сметав дека треба да продолжам да бидам ,,ударната тупаница,, на Општинската Организација на ЛДП Велес.  Втората и основна причина е тоа дека Стевче Јакимовски уште од моето влегување а и понатамошно  профилирање во ЛДП ми беше пример за политичар. Значи чесноста, истрајноста, трудољубивоста и посветеноста во работата, човек кој знае да ги ислуша проблемите на сите граѓани, како и енергијата и борбеноста кои ги поседува, сметам дека се одлики кои би посакале да ги поседуваат повеќето млади луѓе кои влегуваат во политиката.

Лисица: На овие избори ЛДП настапи самостојно, со исклучок на неколку општини. Советничките листи на партијата освоија нешто повеќе од 30.000 глсаови а кандидатот за Претседател на Република Македонија 40.000. Сметате ли дека на овие избори се гласаше за личност а не за партија.

 

Пренџов: Врз основа на резултатите од изборите можеме да видиме дека се гласаше за партија. Но, според мене, тоа не е вистинскиот одраз. Да не беше толку агресивна кампањата на владеачката ДПМНЕ, да немаше толку притисоци, закани и ниски игри, мислам дека ќе се гласаше за личности затоа што сепак ова беа локални и претседателски избори. Со оваа кампања ДПМНЕ многу успешно им го замагли погледот на граѓаните затоа што нивната кампања не траеше дваесет дена туку таа трае веќе скоро три години. Инаку, еве, видете ја ЛДП. Целата партија, на еден милијон излезени гласачи освои нешто повеќе од 30.000 гласови, а, Стевче Јакимовски и Аце Коцевски, на излезеност од 60.000 гласачи, остварија скоро идентичен резултат.

Лисица: Како дипломиран политиколог кој долги години е во политичкото живеење, што мислите, што очекуваат граѓаните од политичарите?

Пренџов: Како прво граѓаните ја гледаат политиката како нешто нечисто и немаат баш добро мислење за истата. Менталитетот на нашиот гласач е ,,ќе гласам за овој затоа што мислам дека ќе украде помалку од предходниот,, (ова се базира на испитувањата кои ни ги презентираа на постдипломските студии) Мислам дека овој начин на резонирање на граѓаните ќе продолжи барем во блиска иднина. Но, има и места каде што се менува таквото мислење и очекувањата, на пр. еве во нашиот Град... кога Аце Коцевски дојде на функција Градоначалник многумина очекуваа дека од неговото работење ќе се офајди со барем еден стан, нова кола и викендица ама го гласаа затоа што мислеа (врз база на погоре кажаното  дека нема да биде како предходниот) дека ке има барем некој проект со кои и тие (граѓаните) ќе се офајдат Но, состојбата значително се смени на подобро кога луѓето видоа дека во текот на неговиот мандат се направија многу нови улици, паркови, фонтани, тротоари, фекална и атмосферска канализација, плоштади, споменици на културата, нов кеј покрај Вардар, се создадоа многу нови манифестации кои станаа традиционални, општината доби нов лик и нов имиџ. Сега истото ќе го барат и од господинот Петров затоа што како што кажав, генерално граѓаните се надеваат дека новоизбраните ,,ќе украдат,, помалку од предходните, но во Велес ќе бараат новиот да направи повеќе за Градот од предходниот. Така, според мене, ќе функционираат гласачите на целата држава ако се појават во меѓувреме повеќе ,,Аце Коцевци,, во републиката.

Лисица: Кои беа вашите мотиви за вклучување во политиката и зошто токму во ЛДП?

Пренџов: Моите мотиви секогаш произлегуваат од желбите кои ги имам. Сметам дека во Македонија ако навистина сакате да им помогнете на луѓето, да направите нешто корисно и добро и за народот и за општеството, треба да бидете еден чесен и одговорен политичар. Во ЛДП се вклучив во 2001год. Либералната идеологија уште во тоа време беше центар на моето интересирање. ЛДП беше партија на истакнати и вредни поединци кои имаа широка подршка и углед во средините во кои живеат. Тоа беа луѓе со високи интелектуални способности и кои имаа една авангардна програма. Тоа за мене како штотуку полнолетен човек  беше на некој начин доволно предизвикувачко.

Лисица: Како ја гледате ЛДП после изборите?

Пренџов: Мислам дека секоја сериозна анализа по ова прашање ќе биде големо   промашување барем кога се работи за ЛДП. После катастрофата која ја доживеавме како партија на последните парламентарни избори и пред се дебаклот кој му се случи на нашиот Претседател Манасијевски со освојување на само три пратенички мандати во изборната единица два, (а само за потсетување ДУИ имаше четири) и притоа никој не поднесе одговорност туку напротив; се излезе и се кажа дека тоа биле добри резултати, мислам дека е тешко да се изанализира. Сметам дека политиката на ЛДП да излезе со кандидат за Претседател на РМ и кандидат за Градоначалник на Скопје е одлична идеја. Во овој контекст сите ќе знаевме во кој правец треба да се движи партијата доколку на овие избори Претседателот, Поранешниот Претседател и Потпретседателот на ЛДП се одважеа и излезеа во трка за Скопје и Претседател на РМ. Само во тој случај ќе знаевме кој колку тежи и околу кој ќе треба застанеме сите заедно. Кога Манасијевски го избравме за Претседател тој вети дека ќе настапуваме самостојно. Реалноста излезе дека кога се има сигурни места во собрание неколку луѓе  ( тие и пак тие) без мака ќе си ги поделат мандатите а кога тие ќе се обезбедат во удобните фотелји тогаш може да се настапува самостојно.

Лисица: Македонија има силна власт а слаба опозиција. Ќе се променат ли нештата одкако господинот Црвенковски ќе се врати на челната позиција на СДСМ. Сметате ли дека ќе има моќ да ја обедини опозицијата?

Пренџов: Да, сметам дека кога Црвенковски и официјално ќе ја завземе челната позиција во СДСМ ќе се променат многу нешта во функционирањето таму. Мислам дека ќе се врати голем дел од дисциплината во партијата и дека енормно ќе се зголеми мотивираноста пред се на пасивизираното членство на СДСМ. Според мене единствен недостаток е тоа што тој не е пратеник во собранието на РМ.  Што се однесува до обединување на опозицијата, тука главниот збор ќе го има повторно СДСМ и Црвенковски. Сметам дека барем во блиска иднина СДСМ нема повторно да си дозволат да им дадат толкав дел од колачот на малите партии како што беше минатата година и тие да останат со за нив срамни 18 пратенички места.

Лисица: Ќе бидете ли новото лице за односи со јавност во Општина Карпош?

Пренџов: Не, нема да бидам. Сметам дека структурата на работа  како портпарол во политичка партија  не е иста како онаа во јавна институција.

25/04/2009 18:03
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Јован Босотов –Босата, најстариот велешки шнајдер
НАЈВЕШТИОТ КРОЈАЧ И МОДЕЛАР НА МАШКИ КОСТУМ.
Lisica.mk Од наш агол Целулит проблем број еден за секоја жена
Во борбата против целулитот вежбајте, јадете овошје,зеленчук и пијте многу природни сокови.
Колумна Колумна
Впечатоци од Северна Ирска “Знам за две трагични истории – таа на Ирска и онаа на Македонија. И двете биле осиромашувани и мачени” – Роџер Кејсмент, ирски патриот, револуционер и познат поет.
Од каде се информирате?

Дневен печат

Интернет портали

Телевизија

Радија

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.02][4]