Жените во Загреб формирале листа на чекање за купување на чевли од познатиот француски дизајнер Кристијан Лубутин, кои чинат од 400 до 700 евра.
Лубутин инаку не се занимава со фабричко производство на чевли, туку со рачна изработка па поради тоа максималниот број на нарачки во сезона изнесува до 300 пара, кои се продаваат во само 48 овластени бутици во светот.
Иако во кризни времиња се очекува луѓето најпрво да се одречат од луксузот, во Хрватска рекордна заработка имаат токму продавниците со луксузна роба.
Од друга страна опаѓа продажбата на евтин накит, часовници и уметнички дела, покажува статистиката.
Copyright 2009 Makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Makfax