Луксузни предмети од вилата на покојниот италијански дизајнер Џани Версаче јавно беа прикажани пред да се продадат на аукција во Лондон.
Организаторите на аукцијата од Куќата Сотби ги изложија предметите од вилата Фонтанеле во Молтрасио крај езерото Комо, во северна Италија.
Изложени беа луксузни вазни, антички позлатени свеќници, фигури, мебел, слики, неговата спална соба како и гигантски камени статуи на голи грчки борци. Предметите се претежно од неокласичен стил.
Вкупно 543 предмети ќе се продаваат на аукцијата закажана за 18 март во Лондон. Се очекува нивната вредност да достигне два милиони фунти.
Copyright 2009 Makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Makfax