Партиите ќе формираат истражувачко-аналитички центри

Законот за партиски истражувачко-аналитички центри во вторник ја доби потребната поддршка во прво читање на Комисијата за политички систем и  односи меѓу заедниците, а треба да стапи насила во 2015 година кога ќе се одржат следните парламентарни избори.

„Целта на законот е да се зголеми квалитетот на водење на политиката преку истражувачки методи во работењето и делувањето на политичките партии", изјави Антонио Милошоски, како еден од предлагачите.

Центрите ќе треба да имаат најмалку две, а најмногу четири лица вработени со полно работно време од кои еден од нив ќе биде раководител.

За нив годишно од буџетот ќе се одвојуваат 280 илјади евра. Средствата ќе се распределуваат на четирите партии кои ќе имаат најголем број избрани пратеници во Собранието. Предвидено е 60 проценти од средствата да се делат подеднакво на сите четири партии, а  останатите 40 проценти според бројот на пратеници.

Надзорот врз финансиското работење на центрите ќе биде регулиран со законот за финансирање на политичките партии.

Во правниот систем Македонија не постои законски основ за основање на Партиско истражувачко-аналитичките центри (ПИАЦ), како дел од внатрешната организација на политичката партија, поради што се предлага  донесувањето на овој закон.

Целта на донесувањето на предложениот закон е предвидување на законски основ и прецизни правила за основање и работа на  Партиско истражувачко-аналитичките центри, сметаат предлагачите.

Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

 

22/01/2013 14:07
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.01][26]