Логопед и во детската градинка „Димче Мирчев“

Градинката ќе добие логопед. Установата утврдила оти поголем дел од децата имаат потреба од ваков стручњак. Поради ова градинката побарала вработување наставник кој ќе работи на отстранување на говорните недостатоци и нарушувања кај децата.

 „Добивме согласност за прием на ново лице во стучната служба и тоа логопед. Според анализите кои ги правевме околу 60 отсто од децата во средната и големата група имаат потреба од логопед", вели м-р Анида Цецева директор на детските градинки „Димче Мирчев".

Досега отстранувањето на говорните мани кај децата од предшколска возраст се одиваше кај логопедот од Здравствениот дом. Од градинката велат дека имале одлична соработка но многу поголем ефект се постигнува доколку тој е вработен во установата.

„Досега ги користевме услугите на логопедот во здравственуот дом кој во однос на остварување на тие задачи не беше доволен ,затоа ното лице во установата ќе значи многу за правилен раст и развој на децата", вели Цецева.

Во градинката работи и дефектолог. Тој се грижи за правилен физички и психички развој на децата кај кои е утврден недостаток. Најголем дел од времето, дефектологот работи со децата кај кои се утврдени потешкотии во развојот. Моментално во градинката претстојуваат 20-тина деца со пречки во психо-физичкиот развој.

„Во премногу ран период медицинските лица не даваат дијагноза за проблемите во прихичкиот и физичкиот развој на децата. Кога ќе се утврди тоа кај некое дете ,тогаш со него самостојно работи дефектолог за тоа дете да може да го достигне развојот на другите деца", вели Цецева.

Од градинката информираат дека во секој од шесте објекти се опремуваат посебни кабинети за работа на дефектологот. Во нив ќе се набават современи помагала за реализација на дефектолошката работа. 

22/01/2013 12:35
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.01][15]