Официјално 250, неофицијално околу 750 наркозависници во Велес

Еден дим , па два, потоа еден цигар марихуана, па два. Следи зголемување на дозата , пробување на потешки дроги и запирање нема. Ова е формулата, како најчесто се станува зависник.

Љубопитност да се проба нешто ново, замаскирање на одредени проблеми и прифаќање од друштвото. Тоа се најчестите причини за користење на дрогата.

Во СВР Велес официјално регистирани зависници се 250, но неофицијално таа бројка достигнува и до 750.

Марихуана, хашиш, екстази, хероин. Ова се најупотребуваните дроги. Лекарите се загрижени за се поголемата злоупотреба на метадонот, кој го набавуваат во центарот за наркозависници и наместо како лек се користи како опојно средство.

„Имаме класична злоупотреба на метадонот. Многу зависници го користат наместо за лечење во спротивна цел. Го мешаа со дијазепам или останати средства и го земаат како дрога" вели Д-р Мартин Хаџи Наумов секција за борба против дрога при Црвен Крст, Велес.

Податок кој што радува е дека во изминатиов период нема ново регистрирани зависници. Од  Црвен Крст  се надеваат дека едукациите и предавањата кои ги имаат помеѓу младите во училиштата вродиле со плод.

Ако стане зависник тогаш е многу тешко лицето да се оттргне. На прсти се бројат граѓаните кои успеале

„Треба огромна волја. На прсти се бројат граѓаните кои престанале. Најчесто тие пробуваат ,но пак и се враќаат на дрогата ,затоа што станува збор за тешка завист", вели Д-р Хаџи Наумов

Секцијата за борба против дрогата при општинскиот Црвен Крст можеби е единствената институција која работи со зависниците. Имаат редовна комуникација и доверба помеѓу нив. Одржуваат креативни работилници на кои се изработуваат уметнички дела.

22/01/2013 11:57
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.02][34]