Прогласени вонредни мерки за одбрана од поплави во Карловац

Центарот за одбрана од поплава на Хрватска во вторник во 6 часот во Карловац прогласи вонредни мерки за заштита од поплави.

Според последните информации водостојот на реката Купа кај Карловац изнесува 769 сантиметри. Во еден час, од 5 до 6 часот наутро, водостојот пораснал за 10 сантиметри, поради што се прогласени мерки за одбрана од поплави.

Неколку жупаниски центри се затворени поради поплави.

Затворени се и неколку државни патишта, а поплавен е и мостот на реката Корана.

Ноќеска најмногу пораснал водостојот на реките Мрежница и Корана, поради топење на снегот, што следи по дождот што врнеше во понеделникот, па тие допринеле за пораст на водостојот на реката Купа.

Редовни мерки за одбрана од поплави се прогласени во Хрватска Костајница.

Состојба на подготвеност има и во подолниот тек на реките Купа, Крапина и Сава.

Хрватска, речиси цела недела е зафатена од обилни врнежи од снег, што придонесоа со зголемување на температурите да се зголеми водостојот на реките.

Нови снежни врнежи се најавени од среда.

Карловац, познат како град на пет реки е најзагрозен од моменталната состојба со врнежите.

Есента 2012 година, Хрватска беше зафатена од поплави, поради обилните врнежи од дожд во Австрија, Словенија, па и на територијата на Хрватска.

Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

 

22/01/2013 10:04
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.02][17]