Авио-сообраќајот во Европа во колапс поради снег и леден дожд

Во судари на автопатите во Франција во текот на викендот загинаа седум луѓе, а висината на снежната покривка во делови од државата е над 30 сантиметри.

Поради снегот на аеродромите во Париз - „Шарл де Гол" и „Орли" откажани се 40 отсто летови. Други аеродроми во Франција се целосно затворени за сообраќај.

Метрото во Париз и понатаму работи, но откажани се голем број автобуски линии. Доцнат или се откажани голем број тргнувања на брзите возови TGV.

Сообраќајот од франкфуртскиот аеродром вчера целосно беше прекинат околу 3,5 часа поради леден дожд кој окова писти, а откажани беа стотина летови.

Авиони кои требаше да слетаат во Франкфурт беа пренасочувани на други аеродроми.

Сообраќајот според германски медиуми подоцна е повторно воспоставен, но со намален интензитет.

Летови се откажани и на „Хитроу" во Лондон, додека другите два помали аеродроми во британската престолнина, работат со намален интензитет.

Во текот на вчерашниот ден на аеродромите во Лондон беа откажани 180 летови, а многу пристигнуваа со задоцнување.

За денеска, „Хитроу" откажа 260 летови.

Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

 

21/01/2013 09:03
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.01][27]