Горан Иванов, прв доплива до Светиот крст

Четириесет и седум  годишниот велешанец Горан Иванов од населбата Превалец е најсреќниот помеѓу стотината мажи кои денеска запливаа во водата на реката Вардар. Целта им беше  да  го фатат Светиот крст, фрлен во реката откако истата претходно Владиката Агатангел со свешениците од Повардарската епархија ја  осветија.

На традиционалниот водосвет и чинот на фрлање на крстот цел Велес се слеа на двата брега  но и на мостовите над реката.

Излегувајки да го проследат чинот на  осветувањето,  велешани ја покажаа вербата кон  Бог и Македонската православна црква.

А вербата кон Бога била пресудна и за Горан кој годинава по 25ти пат скокнал во реката со верба во себе дека токму на овие Водици тој  прв ќе доплива до Светиот крст.

„Вербата беше посилна од мене и еве денеска од 108 пријавени капаци токму јас го фатив крстот.Очекувам дека годината ќе ми биде успешна и  мене и на сите мои сограѓани", рече Иванов.

Горан, денеска беше даруван за среќа и здравје. Епархијата  Повардарска  му подари златен крст и позлатена Библија порачувајќи му оваа света книга да не заврши само во домашната библиотека туку тој и неговите дечиња да ја прочитаат.

„Читај ја книгата над книгите, од неа ќе имаш што да прочиташ. Таа нека ти биде водилка низ животот" му порача митрополитот Агатангел.

За прв пат среќниот фаќач на крстот беше даруван и од кумот на годинешните Богојавление Водици, бизнисменот Ѓорги Ристов, но и од Општина Велес, ЈКП Дервен, ЈП Лисиче, и многу приватни компании.

Горан и другарите со кои заедно пливаа по крстот во наредните 40 дена со Светата икона и Светиот крст ќе ги посетат домовите на велешани кои традиционално ќе ги даруваат со парични прилози.

На осветувањето на водата на реката Вардар покрај многубројните велешани присуствуваа и градоначалникот Горан Петров, пратениците Ѓорги Коџабашиев, Илија Димовски и Марјанчо Николовски.

19/01/2013 12:56
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.02][26]