Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА

Љубопитни, сакаат да живеат во светот на илузиите, едни сакаат и фантазираат да возат скапи коли, други пак сакаат да ги решат своите проблеми преку најголемото зло на човештвото дрогата. Трети веќе тргнале по некој нормален пат, да се станат академски граѓани и да придонесат за државата која веќе ги уби нашите родители низ долгиоот процес на транзиција.

Во вашето маало задолжително имате по некој зависник од дрога, некој "ГОРЕ„ што е на печалба. Но, не е се така црно, постои и интелектуалната клапа која борбата за опстанок ја бара преку партиската книшка. Веќе знаете јас живеам во Велес.

Често имам прилика да се дружам со луѓе од секаков калибар, и со градежници, со невработени, со бизнисмени, со политичари и некои кои биле "Горе" . Знаете сите имаат различна насмевка.

Поголемиот дел за своите неуспеси ја обвинуваат државата, постојано се жалат на ударот од долгата транзиција од кој како држава сеуште не сме заздравеле. Илјадници споменци на транзицијата, илјадници напуштени работници, уништени илјадници животи препуштени на забот на времето. Кој одговараше, но не политички ?  Не постои збор да ги утешите за веќе залудно потрошеното време, за уништени генерации. Ширум Македонија, насекаде ќе ги видиме остатоците од урнатините од некогашните гиганти кој на нашите родители им значеле живот и егзистенција.
Знам дека ова го знаете, ова е тема и на политичарите, ова го слушаме за време на изборите. Но повторно ќе прашам: Кој одговараше, но не политички ? Знаете, не се правете сите на "Тошо" тие уништија илјадници животи, човечки судбини. Грабааа, станааа газди. А ние, кога ќе ги стигне казната!? Од каде спечалија фабрики, најверојатно од платата како службеници или директори ги купија фабриките? Сеуште не живеам во розовиот свет за розово да гледам на работите. Се уште не сме расчистиле со транзицијата.....

Потоа одиме со една поинаква консталација, ајде сите останати на куп ќе ги наречам интелектуално крило. И ова го знаете и овој муабет Ви бил тема: Регрутирање на млади некаде во Германија- Франкфурт, Австрија, на странските пазари разнесувале дрога. Да, овие се тие од вашето мало кои одат на печалба "Горе", потоа се враќаат и обавезно се купува некое скапо количе а оние попаметните си почнуваат некаков бизнис. Немале работа, незнаеле што да прават, родителите скоро на сите жртви на транзицијата и децата тргнале по некакво за нив решение. Не дека се безгрешни. Од едни оправдувани бидејќи барале излез од кругот, од други осудувани бидејќе свесно уништиле нечиј човечки живот, нечија мајка некаде таму во Австрија и Германија го изгубила своето чедо. Не е ни најмалку чудно што во полициската акција Диригент преовладуваат Велешани. Но ова е прашање за социолозите.

Третите чесни и поштени граѓани. Тие пак се традиционални, велат ќе ги стигне еден ден сите. Сите тие имаат или ќе имаат свои деца, не дај боже некој истото нив да им го стори. Не се гради среќа на туѓата несреќа. Можеби се филозофии или поговорки но имајте на ум дека имаат смисла.

Затоа денес ќе сретнете млади луѓе кои возат добра кола, но и млади политичари. Исто така ќе сретнете и релативно млади бизнисмени со добар капитал. Неможете да замижите пред она кое многумина противправно го стекнале, можеби и не сум во право само претпоставувам дека она што е очигледно е стекнато на чесен начин со труд. На крајот секоја приказна завршува со среќен крај, како што многумина ќе кажат барем ќе се отворат нови работни места а и парите влегувале во Велес.

                                       Весна Маневска,политиколог

18/01/2013 21:34
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.02][20]