Саемот на традиционална храна уште еднаш ја докажа хуманоста на велешани

Овој јануари ќе биде посреќен за неколку многу детни семејства од Велес.

Тие деновив ќе ја добијата донацијата која преку продажба на традиционални   јадења ја обезбедија организаторите на  саемот на храна,  Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК Велес.

„Сите средства  кои ќе ги собереме ќе ги намениме за неколку социјално загрозени многу детни семејства.Минатата година дониравме средства на три семејства, од она што можеме вечерва да го забележиме од понудата но и продажбата очекуваме дека годинава бројот на семејства на кои ќе им донираме финансиски средства ќе биде поголем", рече Елизабета Чуповска, претседател на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК Велес. 

Сармите од лозов лист, зелницит, питите и погачите вредните жени ги подготвуваме со многу љубов, бидејки преку нивната продажба ќе придонесат за подобрување на секојдневието на оние на кои помошта им е неопходна.

„Сите жени се потрудија вечерва тоа да биде навистина прекрасно, да биде вкусно за јадење. Готвевме со љубов, оти оние кои ги купија нашите подготвени јадења исто така тоа го направија со многу љубов", рече Јана  Мирчевска.

На годинешниот саем на храна гости беа жените од село Горно Оризари. Тие ги понудија своите босански специјалитети.

„Доста брзо се распродадоа и мантиите приготвени на босански начин и баклавите, дури да имавме и повеќе подготвено тоа ќе се продадеше",рече Зинеха Биберовиќ.

Огромниот  интересна  велешани за хуманитарниот саем е причина храната да с ераспродаде за само триесетина минути.

„Јас обожавам зелени смокви и купив слатко од зелени смокви"

„Најголемо задоволство ми преставува тоа што сите средства кои се собираат се даваат во семејства на кои ќе им бидат потребни", велат случајно анкетирани велешанки.

Според организаторите, годинешниот саем на традиционални јадења е најуспешен, бидејки хуманоста ја надминала партиската припадност. На саемот учествуваа и жени кои не се  членки на партијата на власт  но и неколку реновирани угостителски објекти од Велес.

„ Ние сме дел од ВМРО ДПМНЕ но сите наши акции кои ги организираме , хуманитарни и едукативни се јавни и на нив добредојдени се сите. Оваа  што вечерва го гледаме  е само потврда дека граѓаните ги разбираат и одобруваат нашите акции. Како Унија на жени на ОК ВМРО ДПМНЕ Велес и понатаму ќе се обидуваме активностите  и понатаму да бидат прифатени и посетувани од што повеќе наши сограѓани оти ние имаме една цел да работиме за доброто на заедницата", рече Елизабета Чуповска, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

18/01/2013 16:50
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.01][20]