НВО „Квалитетен живот“ со донација за најсиромашните велешани

Хуманоста на велешани не запира. Невладината организација Квалитетен живот донираше храна во општинската организација на Црвен крст за најсиромашните семејства во градот. Донацијата се состои во основни прехрамбени производи и зимница.

„Секој даде онолку колку што има и може, за да помогнеме овој месец кој е најдолг во годината да го поминеме, и да им помогнеме на овие луѓе барем малку да здивнат од секојдневните проблеми кои ги тиштат", рече Габриела Тодорова, НВО „Квалитетен живот".

Од општинската организација на Црвен крст велат дека велешани досега се покажале како многу хумани луѓе. Постојано во центарот пристигнувале донации од разни организации, политички партии и индивидуалци. Се надеваат дека и во иднина добронамерните луѓе ќе бидат дел од нивните хуманитарни акции.

„Нашите граѓани можам да кажам дека се многу хумани, даруваат се она што имаат, крводарувањето е на прво место. Овде секојдневно доаѓаат невладини организации и донираат облека, храна и слично, рече Миле Маџаров, секретар на ОО на Црвен Крст Велес.

Комисијата која работи во рамките на општинската организација на Црвен крст ќе треба да избере на кои семејства од најранливата категорија ќе им биде доделена денешната донација.

18/01/2013 13:57
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.16][38]