Глутница бездомни кучиња утрово нападнаа неколку граѓани

Утрово ескалираше проблемпот со кучињата скитници. Глутница од десетина најверојатно штитејки територија или во потрага по храна нападнале неколку граѓани. Кучињата тргнувале кон луѓето. Тие пак  им враќале со клоци и камења. За среќа посериозни повреди немало, но работата веќе станува опасна.

Напад од куче е забележан пред Здравствен дом, во центарот на градот и по улицата Благој Ѓорев. Граѓани од овие места се јавуваат во здружението и пријавуваат немили сцени.

„Утрово дирекно на терен се случуваа непосакувани инциденти ,но за среќа настаните не дојдоа до медицинскиот центар. Тоа се две до три женки кои ги собираат алфа мажјаците и претставуваат опасност за самите граѓани кои воопшто не се должни да поминуваат со страв по улиците или нешто слично„вели Робертино Васков здружение за заштита на животни „Обезбеди живот".

Од Здружението за заштита на животните „Обезбеди живот" објаснуваат дека започнува периодот на размножување, па кучињата се групираат околу женките, затоа настанува проблемот. Апелираат до надлежните што поскоро да преземат одредени чекори.

Ненавремената стерилизација е причината за агресивноста на кучињата. Од Здружението препорачуваат да се заловат женките за да се расчленат големите групи.

„Ненавремената стерилизација е проблемот. Сега моментално треба да се заловат женките за да се растерети ситуацијата во градот, а понатаму Ветеринарната станица треба да си продолжи со третман кој следува", вели Васков.

Проблемот со кучињата скитници во Велес се провлекува со години наназад. Надлежните никако да пронајдат ефикасно решение.

Граѓаните и натаму се жалат. За среќа засега нема посериозни повреди, но граѓаните плашејки се велат никогаш не се знае и за се има првпат.

16/01/2013 12:34
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.02][16]