Модернизацијата на детската грaдинка Димче Мирчев продолжува

Tри објекти од  вкупно шест на детската градинка Димче Мирчев ќе бидат реновирани оваа година. Ке се менуваат прозорците, вратите, нов лик ќе добијат и занималните.

Градежните работи веќе се започнати во градинката кај училиштето Свети Кирил и Методиј.

Ваква одлука донело раководството на градинката откако ги согледало финансиските резултати по реконструкцијата нан градинката во Нова населба.

„Видовме дека со реконструкцијата на објектите имаме  подобрување на квалитетот на услугите  и се постигнува максимален ефект затоа што бројот на запишаните дечиња особено во оној објект кој го реконструиравме минатата година значително се зголеми бројот на дечиња, формиравме нова група и имаме повеќе од 30 деца нови згрижено во тој објект", вели м-р Анида  Цецева, директор на градинката Димче Мирчев .

Средствата потребни за реконструкција , Цецева  вели дека ги обезбедува градинката, општината и ресорното министерство.

„Поголем процент од реконструкцијата е на товар на установата секако тука помага и министерството за труд и локалната самоупрва а детската грдинка прави и низа на акции заедно со невладини организации и здруженија кои што помагаат со различни донации за подобрување на условите", вели Цецева.

Бројот на деца кои се згрижени во предшколската установа  во Велес постојано расте. Ако пред само десет години бројката едвај стигнувала до 300 деца оваа година таа изнесува близу 950 деца.

 

 

15/01/2013 18:02
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.01][26]