Владината мерка за откуп на државно земјите кое се наоѓа под дивоградбите добредојдена за околу 6000 семејства

Од пет до шест илјади велешки семејства имаат можност да ги легализираат своите бесправно изградени домови со новата мерка на Владата за откуп на државно земјиште и тоа за едно евро за метар квадратен.

Овие семејства кои претежно се населени во населбите Речани, Костурница , Прцорек, Потокот, Црна Џамија, Мегдан и други ќе можат да ги легализираат не само дивоградбите туку и земјиштето на кои се изградени куќите.

„На тој начин граѓаните не само што ќе имаат легализирана куќа туку и свој двор. Се остава простор и за во иднина доколку сакаат да ја срушат старата куќа, да изградат нова, да ја доградат, да ја надградат или да ја продадат, да ја дадат под залог за да имаат поголема вредност при земањето кредит", рече Томе Јаневски ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Со оваа владина мерка и најзагрозените семејства ќе имаат можност да си го откупат земјиштето и да си го легализираат сопствениот дом.

„Легализацијата на дивоградбите и откупот на државното земјиште кое е под нив, се дел од еден проект на ВМРО ДПМНЕ наречен „Процес на сопственост" каде што влегуваат и денационализацијата, враќањето на старите заробени девизи и обештетување на изгубените средтсва на штедачите," рече Јаневски.

Со оваа мерка ќе се реши три па и повеќе деценискиот проблем кој реално постои во општина Велес.

15/01/2013 13:13
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.02][23]