Македонско лице на хрватските модни писти

Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.

Со само 18 години, младиот тетовец успеа да се пробие на хрватската модна сцена.

Јашар Јашари, познат како Јаши за кратко време успеа да ги освои срцата на сите модни критичари во Хрватска кои воопшто не штедеа на зборови кога го фалеа нашиот талентиран сограѓанин.

За успесите на младиот модел говори и фактот дека веќе четири модни агенции се заинтересирани да потпишат договор со него, а во преговори е и за снимање на реклама за голем балкански бренд.

Менаџерот на AsNas Photography, Насер Исмаили уште на првата фотосесија го препознал талентот кој го поседува младиот Јашар и неговите фотографии ги испратил на конкурс за модели во Хрватска.

Натпреварот бил проследен од големи модни критичари кои веднаш по претставувањето на кандидатите се одлучиле дека токму ова Македонче заслужува шанса за да се појави во големи балкански проекти.

Јашар Јашари е роден на 19 март 1994 година, а за себе вели дека е скромно момче кое знае што сака.

Неговото животно мото гласи: „Сакај, за да бидеш сакан", а за славните смета дека треба да стојат на земја без разлика колку успеале во животот.

Омилени спортови му се: тенис, скијање и јавање, а кај девојките најважен му е карактерот.

Како и сите млади, своето слободно време го троши на интернет, на шетање и уживање со пријателите.

Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

 

14/01/2013 15:50
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.01][73]