Откупот на тутун во велешко е при крај

Откупот на тутун во велешко е при крај. Досега се откупени над 1100 тони квалитетен тутун.  Тутунот годинава е со добар квалитетот  но поради сушата приносите се намалени за 20 проценти.

Откупувачите Соцо Мак, Струмица Табак, Алијанса, Центро Табак се задоволни од квалитетот на тутунот. Тие навреме ги обезбедија средствата и ги исплатија откупените количества тутун.

Килограм тутун годинава се откупуваше за 160 денари. За најскапата сорта басмак тутунопроизводителите остварија повисока откупна цена. За еден килограм добија од 220 до 240 денари.

Над 2000 тутунопроизводители од општините Велес, Чашка и Градско се задоволни од остварената откупна цена. Тие не чекаа пари за предадениот тутун, ги добија само неколку дена по предавањето на родот.

Проблемот што го имаа над 400 тутунопроизводители, коперанти на Центро Табак е надминат. Компанијата во последен момент обезбеди пари и ги отвори вратите на откупните пунктови. Според податоците од подрачната единица на министерството за земјоделство, Центро Табак досега откупи 80 тони тутун.

Во велешко под тутун беа посадени 1.100 хектари од кои се очекуваше да бидат откупени околу 1.500 тони.

До крајот на откупната сезона се очекува да бидат предадени уште стотина тони тутун.

14/01/2013 13:25
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.02][34]