Тргнала на железничка во Брисел, завршила во Загреб

Шеесет иседум годишна Белгијка од местото Соар-сур-Самбре со автомобил тргнала на 70 километри оддалечената железничката во Брисел за да пречека пријател, но поради расипаниот GPS и нејзиното неверојатно невнимание завршила во 1.450 км оддалечениот Загреб.

Како што пренесе белгискиот информативен портал 7sur7.be. забележува дека и жените и обично полошо се ориентираат, но да се мине поголем дел од Европа за да се стигне на дестинацијата за коешто треба околу еден чес, навистина е тешко да се сфати.


Жената не го знаела точниот пат од својата куќа до железничката станица Гар ди Норд во Брисел, па за локацијата ја впишала во GSP-то. Меѓутоа, очигледно нешто тргнало наопаку.


„Видов по патот дека се изменуваат патокази на разни јазици... Ахен, Келн, Франкфурт, но не обраќав внимание и само продолжив да возам", изјави Белгијката којашто порталот ја именува само како Сабина.


Во нејзината упорност да дојде до железничката станица во Брисел не ја попречела ниту помалата сообраќајна несреќа што ја направила во Германија и за која морала да плати 300 евра. Тогаш заклучила дека би требало малку да се одмори и да отспие на едно одморалиште, а нејзиниот син кој го фатила паника од грижа бидејќи мајка му не му се јавувала на телефон, ја алармирал белгиската полиција.


На Сабина дури пред Загреб ѝ станало јасно дека нешто не е во ред со GSP-от. „Кога го минав Загреб, сфатив дека морам да ја свртам својата ‘џета', рекла жената. Во меѓувреме била лоцирана и од полицијата благодарејќи на плаќањето со картичка на бензинските пумпи и го известило нејзиното семејство дека не мора да се грижат.


Сабина по нејзиниот пријател на железничката станица во Брисел тргнала минатата сабота наутро, а дома по речиси три илјади изминати километри се вратила во понеделникот навечер.

Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

 

 

 

 

13/01/2013 18:21
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.01][7]