ДИК ги определи роковите за спроведување на изборите

Роковите за извршување на изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавувањето на Решението во „Службен весник на Република Македонија", а според најавата на претседателот на СОбранието, Трајко Вељаноски, Изборите ќе се одржат на 24 март (недела) 2013 година.

Државната изборна комисија (ДИК) во рок од три дена од денот на распишувањето на изборите доставува барање до Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за доставување на податоци за вработените во државната и општинската администрација, администрацијата на градот Скопје, како и јавната администрација, систематизирани по општини според адресата на местото на живеење , што според Роковникот ќе биде направено најдоцна до 24:00 часот на 14 јануари 2013 година, а очекува повратен одговор најдоцна до 24:00 часот на 19 јануари 2013 година, по што во рок од пет дена ДИК ќе ги ги формира општинските изборни комисии и изборната комисија на градот Скопје (ОИК).

Најдоцна до 24 часот на 26 јануари, ДИК ќе достави барање до политичките партии во опозиција, да достават предлозите за членови на избирачките одбори (ИО) и нивните заменици, заради формирање ИО, што е обврска на општинските изборни комисии, но ДИК ја презема со цел навремено и еднообразно извршување, за што очекува одговор по пет дена од денот на добивањето на известувањето од ДИК односно надлежната ОИК, најдоцна до: 24:00 часот на 31 јануари 2013 година, а на 1 февруари ДИК ги формира ИО.

Јавниот увид на Избирачкиот список ДИК ќе го стави во своите подрачни одделенија и месни канцеларии . на 26-ти јануари 2013 година во 00:00 и ќе трае до 24:00 часот на 9 февруари 2013 година, кој пак ќе биде заклучен 24:00 часот на 24 февруари 2013 година.

Собирањето на потписи пред ДИК за предлагање на листа на кандидат за градоначалник на општината односно градот Скопје и листи на кандидати за членови на советот на општината односно градот Скопје, од група избирачи, започнува на 26-ти јануари 2013 година во 00:00 часот и трае до 24:00 часот на 9 февруари 2013 година, кои до 24:00 часот на 16 февруари 2013 година че бидат доствени до ОИК.

ОИК по приемот на листата на кандидат, односно листата на кандидати, утврдува дали истата е поднесена во утврдениот рок и составена во согласност со одредбите на Изборниот законик, веднаш по приемот на листите односно најдоцна во рок од 48 часа од приемот на листата, по што најдоцна 48 часа потоа листата ќе ја потврди со решение иили ќе побара да ги отстранат неправилностите во рок од 48 часа.

Редоследот ќе биде утврден Веднаш по потврдувањето на листите односно најдоцна до: 24:00 часот на 22 февруари 2012 година.

Ждрепката за утврдување на единствена листа на кандидати за членови на советот на општината односно советот на градот Скопје и единствена листа на кандидат за градоначалник на општината односно градот Скопје, ДИК ќе ја одржи на 24 февруари 2013 година.

ОИК утврдените единствени листи на кандидати за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник на општината, ќе ги огласи најдоцна 25 дена пред денот определен за одржување на изборите најдоцна до24:00 часот на 26 февруари 2013 година.

Едукација на членовите на ОИК и на ИО ДИК ќе врши 1 февруари до 8 март 2013 година односно од 1 март до 21 март 2013 година.

Заради прибирање на средства за финансирање на изборната кампања, политичката партија, коалиција, носителот на независна листа од група избирачи односно лица кои имаат намера да се кандидираат, пред надлежниот орган задолжително обезбедуваат ЕДБ со назнака „за изборна кампања" , а трансакционите сметки можат да се отвораат најрано од 00:00 часот на 14-ти јануари 2013 година (48 часа по распишување на изборите) а најдоцна до 24:00 часот на 18 февруари 2013 година (48 часа по потврдувањето на листите).

Според Роковникот на 4 март 2013 година во 00:00 часот започнува изборната кампања и завршува на 22 март 2013 година во 24:00 часот .

Советот за радиодифузија по претходно прибавено мислење од ДИК донесува Правилник за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања и Правилник за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборната кампања, и ги објавува во „Службен весник на Република Македонија.

Радиодифузерите и печатените медиуми се должни во рок од пет дена од денот на распишување на изборите да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање на изборните програми и на кандидатите на учесниците во изборниот процес. Во периодот од утврдување на ценовниците до започнување на изборната кампања, медиумите се должни најмалку двапати, јавно да ги објават ценовниците на своите програми, односно во своите печатени изданија. Печатените медиуми се должни ценовниците да ги достават до Државната изборна комисија и Државниот завод за ревизија во рокот утврден во Изборниот законик а радиодифузерите и до Советот за радиодифузија на Република Македонија, најдоцна до 24:00 часот на 16-ти јануари 2013 година.

Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна до 24:00 часот на 18 март 2013 година.

Организаторот на изборната кампања финансискиот извештај за приходите и расходите на жиро - сметката за првите десет дена од изборната кампања го поднесува најдоцна до 24:00 часот на 14 март 2013 година.

Финансискиот извештај за приходите и расходите на жиро - сметката за втората половина од изборната кампања, организаторот на изборната кампања го поднесува најдоцна до 24:00 часот на 23 март 2013 година.

Организаторот на изборната кампања, вкупниот финансиски извештај за изборната кампања го поднесува најдоцна до 24:00 часот на 21 април 2013 година се поднесува.

Државниот завод за ревизија ја спроведува ревизијата на вкупните финансиски извештаи за изборната кампања најдоцна до 24:00 часот на 20 јуни 2013 година а најдоцна до 24:00 часот на 20 јули 2013 година поднесува барање за поведување на прекршочна постапка или пријава.

Радиодифузерите и печатените медиуми се должни да поднесат извештај за рекламниот простор искористен од секој од организаторите на изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа. Извештајот се поднесува до ДИК, ДЗР и до ДКСК, кои се должни да го објават на своите интернет страници најдоцна до: 24:00 часот на 6 април 2013 година.

Роковникот ги одредува и роковите за објавување на описите на избирачките места во печатот и другите средства за јавно информирање, за набљудување на изборите, како за спроведување на изборите за немоќно или болно лице,за оние кои се на издржување мерка куќен притвор и друго.

ДИК ќе го предаде изборниот материјал на ОИК најдоцна до 24:00 часот на 20 март 2013 година, од каде најдоцна до 24:00 часот на 23 март 2013 година се предава на ОИ.

Гласањето започнува во 07:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот на 24 март (недела) 2013 година, а вопотоа гласачките места се затвараат.

Записниците и другиот изборен материјал, ИО ги доставува до ОИК во рок од 5 часа по завршувањето на гласањето.

Државната изборна комисија првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите, а конечните најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Роковникот ги определува и роковите за втор круг избори по 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето или на 7 април 2013 година.

Во вториот изборен круг, изборната кампања завршува на 5 април 2013 година во 24:00 часот.

Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

 

 

11/01/2013 20:10
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.02][37]